Користење на производот
6.10 Модул против миризби
(FreshGuard)
(Оваа карактеристика е по избор)
Модулот против миризби ја
отстранува миризбата што настанува
во фрижидерот пред таа да се впие
во површините. Благодарение
на овој модул, кој е поставен на
плафонот на одделот за свежа храна,
лошите миризби се отстрануваат
додека воздухот активно минува низ
филтерот за миризби, а воздухот што
бил прочистен во филтерот повторно
се враќа во одделот за свежа храна.
Така, непожелните миризби што може
да се појават додека храната стои во
фрижидерот се отстрануваат пред да
се впијат во површините.
Оваа карактеристика има вентилатор,
ЛЕД светилка и филтер за миризби
вграден во модулот. Модулот против
миризба би требало автоматски да се
активира на одредено време. Ако ја
отворите вратата на одделот за свежа
храна додека модулот е активен,
вентилаторот привремено ќе запре, а
ќе продолжи да работи откако вратата
ќе се затвори. Во случај на прекин
на струја, модулот за отстранување
миризби ќе почне да работи кога
повторно ќе дојде струја.
Информација: За да се спречат
лошите миризби што може да
настанат со мешање на миризби
од различна храна, препорачуваме
ароматичните намирници, како
што се сирењето, маслинките и
деликатесите, да се чуваат во
оригиналното пакување и со затворен
капак. Заради безбедноста на другите
намирници што се складирани и
за да се спречат лоши миризби,
препорачуваме што е можно побргу
да ја извадите од фрижидерот
храната почнала да се расипува.
20 / 36 МК
Фрижидер / Упатство за употреба