Télécharger Imprimer la page

Electrolux EGC3322NOK Mode D'emploi page 68

Masquer les pouces Voir aussi pour EGC3322NOK:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 43
68 www.electrolux.com
8. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Следниве упатства за монтажа,
поврзување и одржување мора да ги
изведуваат квалификувани
техничари во согласност со
стандардите и локалните важечки
прописи.
8.1 Поврзување на гас
Одберете фиксен приклучок или употребете
флексибилна цевка од не'рѓосувачки челик во
согласност со важечките закони. Ако
употребувате флексибилни метални цевки,
бидете внимателни да не дојдат во допир со
подвижните делови или да не бидат
смачкани. Бидете внимателни и кога
површината за готвење е споена со рерната.
Проверете дали притисокот на
доводот на гас на апаратот е во
согласност со препорачаните
вредности. Спојката што може да се
прилагодува се прицврстува на
широката рампа со помош на навртка
со навој G 1/2". Навртете ги деловите
и стегнете сé со тефлонска лента,
ако е потребно, за да ја постигнете
вистинската насока.
A)
B)
C)
Течен гас
Користете држач за гумено црево за течен
гас. Секогаш користете дихтунг. Потоа
продолжете со поврзувањето на гасот.
Флексибилната цевка е подготвена за
примена кога:
Крај на вратилото со навртка
Дихтунг
Зглоб (доколку е потребно)
– не може да се загрее повеќе од собна
температура, повисоко од 30°C;
– не е подолга од 1500 мм;
– нема затнувања;
– не е изложена на истегнување или
усукување;
– не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
– може лесно да се прегледа за да се утврди
нејзината состојбата.
Контролата на состојбата на флексибилната
цевка се состои во проверка на следниве
работи:
– да не е напукната, расечена или подгорена
на двата краја и по целата должина;
– материјалот да не е стврднат, туку да е
соодветно еластичен;
– стегите да не се 'рѓосани;
– рокот на траење да не е поминат.
Ако се забележат една или повеќе
неправилности, не поправајте ја цевката, туку
заменете ја.
8.2 Замена на дизните
Отстранете ги држачите за садови.
1.
2.
Отстранете ги капаците и круните од
пламеникот.
A
3.
Одвртете ги вбризгувачите со клуч бр. 7
B
и заменете ги со други, потребни за
типот на користениот гас (погледнете ја
табелата во поглавјето „Технички
C
податоци").
Составете ги деловите следејќи ја истата
4.
процедура по обратен редослед.
5.
Заменете ја плочката со спецификации
(се наоѓа близу цревото за довод на гас)
со онаа за новиот тип за довод на гас.
Плочката ќе ја најдете во пакувањето
испорачано со апаратот.
Ако притисокот за довод на гас е променлив
или различен од потребниот притисок, морате
да наместите применлив прилагодувач за
притисок на цревото за довод на гас.
Кога монтажата е завршена,
проверете дали заптивката на секоја
цевка е соодветна. Употребете
раствор од сапун, не пламен!

Publicité

loading