Télécharger Imprimer la page

Bosch GNB 18V-38 Professional Notice Originale page 234

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
234 | Македонски
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
сетот на батерии од електричниот алат, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се
опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати. Проверете го
u
порамнувањето или прицврстување на подвижните
делови, спојот на деловите и сите други услови што
може негативно да влијаат врз функционирањето
на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го
електричниот алат на поправка пред да го
користите. Многу несреќи се предизвикани заради
несоодветно одржување на моќните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
1 609 92A 75W | (10.01.2023)
Безбедносни предупредувања за заковувач
на клинци
Секогаш претпоставувајте дека алатот содржи
u
клинци. Невнимателното ракување со заковувачот на
клинци може да доведе до неочекувано испуштање на
клинците и до повреда.
Не насочувајте го алатот кон вас или кон некој друг
u
во просторијата. Неочекуваното вклучување може да
ги испушти клинците и да доведе до повреда.
Не го вклучувајте алатот доколку не е цврсто
u
поставен на работната површина. Доколку алатот не
е прицврстен на работната површина, клинецот може
да излета подалеку од делот што се обработува.
Исклучете го алатот од струја доколку има заглавен
u
клинец во него. При отстранување на заглавениот
клинец, заковувачот на клинци може ненадејно да се
вклучи доколку не е исклучен од струја.
Бидете внимателни при отстранување на заглавен
u
клинец. Механизмот може да биде под притисок, а
заглавениот клинец може силно да се испушти кога се
обидувате да го одглавите.
Не користете го овој заковувач на клинци за
u
поврзување на електрични кабли. Не е наменета за
електрична инсталација, и може да ја оштети
изолацијата на електричните кабли и да доведе до
струен удар или пожар.
Исклучете го заковувачот на клинци од струја кога
u
ставате и вадите клинци, правите прилагодувања
или менувате додатоци. Заковувачот на клинци може
случајно да се активира ако е поврзан во струја, што
може да резултира со повреда.
Бидете внимателни кога ракувате со клинци,
u
особено при ставање и вадење. Клинците имаат
остри врвови што може да резултираат со повреда.
Држете ги прстите подалеку од чкрапалото кога не
u
ракувате со овој заковувач на клинци и кога се
движите од една работна позиција на друга.
Неочекуваното активирање ќе испушти клинец, што
може да резултира со повреда.
Држете го заковувачот на клинци за изолираната
u
површина додека вршите задачи каде што
клинецот може да дојде во контакт со скриените
жици. Ако клинец дојде во допир со „жица под напон",
може да ги изложат металните делови на заковувачот
на клинци „под напон" и операторот може да добие
струен удар.
Држете го заковувачот на клинци цврсто за време
u
на работата. Неконтролираниот повратен удар на
заковувачот на клинци може да резултира со
ненамерно активирање, што може да резултира со
повреда.
Чувајте ги сите делови од телото како што се рацете
u
и нозете итн. подалеку од насоката на испуштање
клинци на алатот. Клинецот може да навлезе делот
што се обработува, како и во кој било предмет зад
него, што може да резултира со повреда.
Bosch Power Tools

Publicité

loading