Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M18 FDD3 Notice Originale page 51

Publicité

доведе до лична повреда.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано
носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како:
маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли
што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да ја намалите опасноста од повредување
при работа со значителна прашина, mрепорачуваме употреба на
решение за вшмукување на прав од Milwaukee според упатството
за работа.
Пршината која се создава при користење на овој алат може да биде
штетна по здравјето. Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го
загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да
се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека
употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до
повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете
ја причината за блокирањето на употребеното орудие имајќи ги во
предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане многу
жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете
електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да
предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со
исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со
очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете
на лекар.
СЕКОГАШ КОРИСТЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНА РАЧКА, ако користите
батерија со капацитет од 9,0 Ah или повеќе; вртежниот момент на
некои електрични алатки може да се зголеми. Ако бормашината или
ударната дупчалка е испорачана без дополнителна рачка, користете
го резервниот дел на дополнителната рачка (погледнете Детален
приказ на електричната алатка).
Не вметнувајте го битот кога работи алатката и кога прекинувачот е
вклучен, затоа што битот ќе работи може да го повреди корисникот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска ќелиска
батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика сериозни
внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што малку како два
часа, ако се проголта или влегува во телото. Секогаш прицврстете
го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите уредот,
отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во
100
телото, веднаш побарајте медицинска помош.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава
краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата
батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да
не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции,
можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
M18FDD3: Дупчалката на батерии/шрафцигерот е дизајниран за
дупчење и зашрафување, независна употреба далеку од главното
напојување.
M18FPD3: Перкусионата дупчалка/шрафцигер со електронска
батерија е дизајниран за дупчење, перкусионо дупчење, како и
шрафцигер при независна употреба далеку од главното напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се исклучат
сите преостанати ризици. При употребата може да настанат
следните опасности, на кои операторот треба особено да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици и
цврсти чевли.
Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно
по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на
суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата
на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски
батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни
моменти, заглавување на бургијата, ненадејно стопирање или
краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење
трепка и електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
МАКЕДОНСКИ
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и
транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
АВТОМАТСКО СОПИРАЊЕ
Функцијата за повратен удар AUTOSTOP™ открива
кога ќе се заглави дупчалката. Контролната сијаличка
трепка и уредот автоматски се исклучува. За да го
вклучите, ослободете го копчето за вклучување/
исклучување и потоа притиснете го повторно.
Машината се доставува со активиран Autostop.
Исклучување на Autostop: Поставете го прекинувачот напред/
назад на средишната положба, а потоа притиснете го копчето за
вклучување/исклучување пет пати. Контролната сијаличка се пали,
а потоа полека повторно се гаси (видете ги сликите во делот со
слики).
Вклучување на Autostop: Поставете го прекинувачот напред/
назад на средишната положба, а потоа притиснете го копчето за
вклучување/исклучување пет пати. Контролната сијаличка трепка
(видете ги сликите во делот со слики).
Последно избраниот режим на Autostop останува зачуван дури и
откако ќе се извади батеријата.
ЧИСТЕЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот
со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на
табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или
директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Носете ракавици!
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната
електрична и електронска опрема како несортиран
комунален отпад. Отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема мора да се собираат
посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и отпадните
извори на светлина треба да се отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за
совети за рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на
мало може да се обврзани бесплатно да ги преземаат
искористените батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање
на отпадните батерии и отпадната електрична и
електронска опрема помага да се намали побарувачката
на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат литиум,
и отпадната електрична и електронска опрема содржат
вредни материјали за рециклирање, кои може негативно
да влијаат на животната средина и на здравјето на луѓето
доколку не се отстранат на еколошки компатибилен
начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема,
доколку ги има.
n
Вртежи на празен од
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
101

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

M18 fpd3