Легенда:
1 - Термостат
2 - Топлотен осиryрувач
3 - Грејач
4 - Сигнална ламбичка
5 - Приклучна спојка
L - вод фаза
N - неутрален вод
- вод за заземјување
Шема за електрично поврзување
НАПОМЕНА: Пред секој зафат во внатрешноста на апаратот најнапред
задолжително исклучете го од електричната мрежа!
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
Откога ќе го приклучите во електричната мрежа, апаратот веќе може да се употребува.
Со вртење на копчето на термостатот, наместено на предната страна на заштитниот
оклоп, ја избирате саканата температура на водата до 75°С. Препорачливо е
термостатот да е наместен во положба "Е", зашто тогаш работи најекономично, а
температурата на водата е околу 55°С. Кај оваа реryлација на термостатот има помало
ryбење на топлината и помало создавање на варовников камен отколку кај повисоки
температури.
Работата на апаратот може да се контролира преку сигналната ламбичка, што свети
за цело време додека водата не се загрее на избраната топлотна вредност или
ако сами го исклучите апаратот од електричната мрежа. Поради загревањето се
зголемува волуменот на водата и поради тоа водата почнува да капе од излевната
цевка на проточната батерија за мешање. Капењето не може да се спречи со силно
затегнување на рачката на батеријата, но има голема можност батеријата да се
расипе. Кога сметате дека подолго време нема да го употребувате апаратот, заштите
го против замрзнување: не исклучувајте го од електричната мрежа и наместете
го копчето на термостатот во положба "*". Во ваква состојба водата во апаратот ќе
одржува температура од приближно 9°С. Ако сепак сакате да го исклучите апаратот од
електричната мрежа, тогаш задолжително испуштете ја водата од казанчето, за да не
замрзне. Надворешната пластична површина на апаратот се чисти со раствор на благ
детергент. Не употребуцајте разредувачи и груби средства за чистење!
Редовните сервисни прегледи овозможуваат беспрекорна работа и долг век на
траење на вашиот апарат. Препорачливо е првиот преглед да го направи овластената
сервисна служба, приближно 2 години по приклучувањето. По потреба при прегледот
треба да се исчисти наталожениот воден камен, чие количество зависи од квалитетот
и од температурата на водата. По прегледот на апаратот, зависно од утврдената
состојба, сервисерот ќе одреди датум за следниот контролен преглед.Ве молиме, ако
забележите можни неправилности во работата на апаратот не отстранувајте ги сами
туку побарајте помош во најблиската овластена сервисна служба.
35