Поставување
Проверете дека сината брава (за брзо отклучување) е
1
затворена – низ отворот се гледа зелен автомобил.
Разделете ги краевите на црвената врвка од црвеното
2
куќиште. Ставете го црвеното куќиште од горниот дел
преку гумата. Црвеното куќиште мора да биде поставено
на внатрешната страна од гумата.
Повлечете ја силно црвената врвка надолу со двете раце.
3
Поставете ја црвената врвка што е можно подалеку зад
гумата. Внимавајте сините
спојници – на црвената врвка – да не се извртени.
Влечете ја црвената врвка надолу сè додека не ја
4
поставите помеѓу гумата и улицата. Внимавајте
пластичните спојници да не лежат на шарките на горниот
дел на гумата.
Возете го автомобилот напред или во рикверц со
5
свртување на тркалото за 1/4 (тркалата може да не се
вртат). Препорака: Возете го возилото по надолнина.
Пренесете ја црвената врвка целосно кон внатрешната
6
страна на гумата. Синџирот мора да биде наместен
правилно (да не е извртен). Внимавајте сините спојници –
на црвената врвка – да не се извртени.
MK
Вака изгледа синџирот кога е правилно поставен. Возете
7
неколку метри со најмала брзина. После 50-тина метри
возење, проверете повторно дали е синџирот правилно
поставен.
ПОСТАВУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО
Отстранување
Запрете го вашиот автомобил во положба кога сината
1
брава (за брзо отклучување) е на горниот дел од гумата.
Притиснете ја црвената брава – низ отворот се гледа
автомобил пречкртан со црвено.
Фатете го синџирот во делот од шарката на гумата и
2
повлечете го цврсто кон напред (ослободете ги алките на
синџирот доколку се заглавени во шарките на гумата).
Повлечете силно и црвената врвка ќе се лизне од задната
3
кон предната страна.
4
Повлечете го синџирот од предната страна на гумата.
Внимавајте синџирот да не е извртен кога ќе го извадите.
Возете го автомобилот напред или вратете полека во
рикверц. Препорака: Затворете ја сината брава (за брзо
отклучување) за следна употреба.
ОТСТРАНУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО