Skil 1613 Notice Originale page 78

Masquer les pouces Voir aussi pour 1613:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА МЕШАЛКИ
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Никогаш не користете го алатот во или во близина
на експлозивна атмосфера
• Никогаш не мешајте експлозивни супстанции
• Никогаш со рака или со било каков друг предмет не
посегнувајте кон контејнерот за мешање, додека
меша
• Носете заштитни ракавици, заштитна маска,
тесни алишта и цврсти чевли
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Вклучено/Исклучено 6
• Блокирање на прекинувачот за постојана употреба 7
! внимавајте на силите кои се јавуваат како
резултат на заглавување; држете го алатот
цврсто, со двете раци и завземете безбедна
положба
• Контрола на максималната брзина 8
Со тркалото C максималната брзина може да се
приспособи од ниска до висока (1-8+MAX)
- вклучете го алатот
- блокирајте го прекинувачот
- вртете го тркалото C за избор на максимална брзина
• Избор на механички запченик 9
- поставете го селекторот D на саканата брзина
! брзините да се менуваат само кога алатот е
исклучен
1 = ПОНИСКА БРЗИНА
- голем момент на вртење
- за мешање супстанци со голема густина
2 = ПОВИСОКА БРЗИНА
- низок момент на вртење
- за мешање течни супстанци
• Работа со алатот
! проверете дали алатот е исклучен
- поставете ја лопатката за мешање F на осовината
E како што е посочено на сликата 0
- вклучете го штекерот во извор на струја
- осигурајте се контејнерот за мешање да е
безбедно позициониран на подот
- потопете ја лопатката за мешање во супстанцата
што треба да се измеша
- поставете го тркалцето C 2 во позиција "1"
- вклучете го алатот
- постепено зголемувајте ја брзината за мешање со
вртење на тркалцето C 2 на саканата максимална
брзина (внимавајќи супстанцата да не се
распрскува наоколу)
! исклучете го алатот само кога лопатката за
мешање се наоѓа во контејнерот за мешање
• Електронско меко вклучување
Обезбедува внимателно постигнување максимална
брзина без неочекувано влијание кога ќе се вклучи
алатот
• Електронска постојана брзина
Ја одржува брзината на постојано ниво при
зголемување на оптоварувањето
• Електронска заштита од преоптеретување
- автоматски ја намалува брзината за мешање во
случај кога алатот е преоптеретен подолг период
- отпуштете го прекинувачот A 2 накратко за да се
вратите на нормалната работна брзина
• Држење и насочување на алатот !
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
! секогаш држете го алатот цврсто со двете
раце
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење)
- по мешање, секогаш чистете ја мешалката и
деловите
- чистете го алатот со сува, мека крпа (не користете
средства за чистење или раствори)
- чистете ги отворите за вентилација G 2 редовно,
со четка или компресиран воздух
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• AUTO-STOP графитни четкички
- овој алат е опремен со графитни четкички кои
автоматски излегуваат кога ќе се истрошат и со
тоа го спречуваат оштетувањето на моторот
- доколку алатот ненадејно застане, испратете го
кај најблискиот SKIL сервис или кај вашиот
застапник, за да се изврши замена на четкичките
78

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières