Hellberg Secure Synergy Manuel D'utilisation page 91

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 18
Укажување на прекинато поврзување преку Bluetooth®
Ако поврзувањето преку Bluetooth® се прекине поради преголема оддалеченост (повеќе од10 метри)
во слушалките ќе се слушнат три тонови.
ЗАБЕЛЕШКА! Единицата нема автоматски да се поврзе кога ќе биде во рамките на опсегот.
Притиснете го копчето ВТ кога ќе бидете во рамките на опсегот (помалку од 10 метри) за повторно
воспоставување на врската. Во слушалките се слуша тон за потврдување.
ВАЖНО!
Од безбедносни причини, јачината на звукот на ФМ-радиото и непрекинатиот тек на музика
се исклучуваат при дојдовен повик или друга комуникација од поврзаниот уред.
Јачината на звук повторно се поставува автоматски кога комуникацијата ќе заврши.
Од безбедносни причини, јачината на звукот на функцијата според нивото и надворешниот
звучен влез НЕ се исклучува при дојдовни повици или друга комуникација од поврзаниот
уред (ако овие функции се користат).
Прекумерен притисок на звукот од слушалките може да предизвика губење на слухот.
Некои телефони може да немаат пристап до сите функции на Bluetooth®. Во тој случај,
овие функции треба да се контролираат директно на телефонот.
Слушалките имаат функција „дополнителен тон" што им овозможува на корисниците да
го слушнат сопствениот глас во слушалките. Тоа ја подобрува комуникацијата во бучна
околина и им овозможува на корисниците да зборуваат со нормално ниво на говор.
Предупредување за слаба батерија
Кога моќта на батеријата се намалува и останува 5% од максималното време за работа, во
слушалките ќе се слушне сигнал од 5 променливи тонови. Тогаш батериите треба да се променат
или да се наполнат што е можно побрзо. ЛЕД-светилката трепнува еднаш црвено и слушалките ќе се
исклучат кога батериите ќе се испразнат целосно.
Функција за заштеда на енергија
За да се избегне ненамерно празнење на батериите, на пример, ако слушалките се остават вклучени
по завршувањето на работниот ден, слушалките автоматски ќе се исклучат по 6 часа ако во период од
6 часа не се направат никакви поставувања.
Притиснете го и држете го копчето BT 3 секунди за да ја престартувате функцијата Bluetooth® и
повторно да го воспоставите поврзувањето.
Ако функцијата за ФМ-радио и според нивото се вклучи, секоја посебна контрола за јачина на звукот
(A:12, A:10) мора да се исклучи и повторно да се вклучи.
Промена на батерии
Слушалките можат да работат и на батерии на полнење и на батерии за еднократна употреба од тип
АА (LR6/HR6). Користете батерии само од наведените типови. Предупредување! Ако се користат
други видови на батерии од оние што се назначени, може да настане ризик од експлозија. Фрлете
ги искористените батерии според локалните закони.
Отшрафете го капакот за батериите. (A:16).
Проверете дали ознаките на батериите + и - се поставени правилно во делот за батериите.
Кога се користат батерии за еднократна употреба, никогаш не поврзувајте полнач на слушалките.
Промена на батерии
Пред полнење, осигурите се дека сите функции се вклучени.
Слушалките се полнат кога ќе се поврзат на USB приклучок (компјутер, автомобил, итн.) или при употреба на
USB полнач, т.е. полнач за мобилен телефон. Користете го USB кабелот што е доставен со слушалките. (B:4)
Користете само полнач што е одобрен според локалните прописи за електронски уреди.
Спецификации на полначот: Излез DC 5 V⎓1000 mA
Проверете дали полначот е правилно поврзан на приклучокот за полнење на слушалките (A:18) и изворот на
напојување, проверете дали се користат наведените батерии и се поставени правилно според ознаките + и -
во делот за батерии. Кога се полнат, ЛЕД-светилката на слушалките трепка црвено.
Користете само полнач што е наведен и одобрен од производителот.
Кога батериите ќе се наполнат, ЛЕД-светилката ќе свети темно црвено. Целосното полнење трае
околу 3 часа (подолго доколку се полни преку USB приклучок).
Важно! Не ги користете слушалките кога батериите се полнат!
Времето на траење на батериите кога се користат сите функции изнесува околу 23 часа.
Времето на траење ќе се зголеми ако се користат помалку функции.
Препораки за максималниот животен век на батериите на полнење
• Новите батерии на полнење треба целосно да се наполнат пред првата употреба.
• Отстранете ги батериите доколку не ги користите подолг временски период.
91
Synergy
Synergy

Publicité

Table des Matières
loading

Produits Connexes pour Hellberg Secure Synergy

Ce manuel est également adapté pour:

Secure synergy headbandSecure synergy helmet/cap mount

Table des Matières