Микрофонот на држат на слушалките (А:7) треба да се постави на околу 1 см од устата
за најдобро намалување на бучавата и овозможување јасен говор. Bидете сигурни дека
микрофонот е насочен кон устата (А:7b).
Кога е активирано поврзувањето преку Bluetooth®, врската со слушалките автоматски се
воспоставува следниот пат кога заштитата за слушање ќе се вклучи. Воспоставувањето на
врската се потврдува со аудиосигнал во слушалките и ЛЕД-светилката трепка сино.
Исклучување на функцијата Bluetooth®
Притиснете го и држете го копчето BT 6 секунди. Во слушалките се слуша аудиосигнал со 4 тонови
што се намалуваат што потврдува дека функцијата Bluetooth® се исклучува.
Одговарање/завршување/одбивање на повик
Повеќето телефони испраќаат свој сигнал во слушалките. Во спротивно, во слушалките се слушаат 4
променливи тонови за дојдовни повици.
1. Одговорете на повикот со кратко притискање на копчето BT. 2 тонови што се засилуваат
потврдуваат дека повикот е воспоставен.
2. Завршете го повикот со кратко притискање на копчето BT. 1 кракот тон потврдува дека повикот е исклучен.
3. За да одбиете повик, притиснете го и држете го копчето BT 3 секунди. 2 тонови што се намалуваат
потврдуваат дека повикот е одбиен.
Повторно избирање на последниот избран број
Кратко притиснете двапати на копчето BT за да го изберете повторно последниот избран број.
Гласовно избирање од слушалките преку поврзан телефон
Проверете во упатството за користење на вашиот телефон дали поддржува гласовно избирање.
1. Притиснете го и држете го копчето BT 2 секунди и пуштете го копчето BT.
2. Изговорете ја наредбата за гласовно избирање.
Повеќето телефони што поддржуваат гласовно контролирано избирање ќе испратат сигнал за
потврда кога ќе ја изговорите наредбата за гласовно избирање.
Префрлање повици на/од телефон
1. Притиснете го копчето BT 1 секунда за да го префрлите повикот на телефонот. Краткотраен тон
ќе потврди дека повикот е префрлен на телефонот.
2. Едно кратко притискање на копчето BT повторно ќе го префрли повикот на слушалките.
Паркирање повик/ставање на чекање
Во тек на повик, може да се поврзе друг повик.
1. Кратко притискање на копчето BT ќе го поврзе дојдовниот повик и ќе го заврши повикот во тек.
Во слушалките се слуша краток тон за потврдување.
2. Две кратки притискања на копчето BT ќе го поврзат дојдовниот повик и ќе го стават на чекање
повикот што е во тек. Во слушалките се слуша краток тон за потврдување.
3. Едно кратко притискање на копчето BT повторно го поврзува паркираниот повик и го завршува
другиот. Во слушалките се слуша краток тон за потврдување.
Приспособување на јачината на звукот за време на повик
1. Зголемете ја јачината на звукот така што ќе го завртите копчето BT во насока на стрелките од часовникот.
2. Намалете ја јачината на звукот така што ќе го завртите копчето BT во спротивна насока од
насоката на стрелките од часовникот.
Слушалките имаат функција за „приспособлива јачина на звукот" што ја приспособува јачината на звукот на
дојдовната комуникација/говор според нивото на звук во околината. Тоа значи дека корисниците не треба да
ја приспособуваат јачината на звукот кога работат во непостојани нивоа на звук во околината. Јачината на
звукот релативно се приспособува на првично поставената јачина на звукот.
Непрекинат тек на музика од уред со Bluetooth®
1. Стартувајте ја функцијата Bluetooth® на слушалките (погледнете ги чекорите погоре).
2. Стартувајте го репродукторот за музика на телефонот (или на друг уред).
3. Приспособете ја јачината на звукот така што ќе го завртите копчето BT во насока/спротивно
насока на стрелките од часовникот.
4. Главната јачина на звук се контролира на телефонот.
5. Функциите за репродукција на музика се контролираат на телефонот.
Предупредување!
Не заборавајте да ја приспособите јачината на звукот кога работите во бучна околина така што
ќе можете да ги слушнете сигналите за предупредување.
90
Synergy
Synergy