Télécharger Imprimer la page

Bosch GSA 16-32 Professional Notice Originale page 125

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
OBJ_BUCH-2842-001.book Page 125 Wednesday, April 5, 2017 5:39 PM
Воздушен дефлектор
Воздушниот дефлектор 7 ги насочува издувните гасови од
погонот настрана од корисникот. Ако се олабави
воздушниот дефлектор 7, повторно вметнете го.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При сечење на лесни градежни материјали,
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
 Внимавајте, листот за пила треба секогаш да биде
подолг од дијаметарот на делот што се обработува,
види слика D. Постои опасност од повратен удар.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали
итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр.
клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Вклучете го електричниот апарат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча 2 на
површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес исклучете го
електричниот апарат.
Доколку се заглави листот за пилата, веднаш исклучете го
електричниот апарат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го
електричниот апарат.
Јаката нечистотија на електричниот апарат може да
доведе до пречки во функцијата. Поради тоа,
материјалите од кои се создава многу прав при сечењето,
не ги сечете од долу или над главата.
Пили за вдлабнување (види слика C)
 Смеат да се обработуваат само меки материјали
како дрво, гипс картон исл. при сечење со
вдлабнување! Не обработувајте метални
материјали со сечење со вдлабнување!
 За сечење со вдлабнување користете само листови
за пила со максимална должина од 100 mm. Со
подолги листови за пила не може да се постави
основната плоча 2 и електричниот алат нема да ја има
потребната потпора.
Електричниот апарат со работ на основната плоча 2
поставете го на делот што се обработува и вклучете го. Кај
електричните апарати со контрола на бројот на удари,
поставете го максималниот број на удари. Притиснете го
електричниот апарат на делот што се обработува и
оставете го листот за пилата полека да се вдлабне во делот
што се обработува.
Откако основната плоча 2 ќе легне на целата површина на
делот што се обработува, продолжете да сечење по
должина на линијата.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се постави
со вртење за 180°, а сабјестата пила да се води соодветно
свртена.
Bosch Power Tools
Кратки резови (види слика D)
Со еластичните биметални листови за пила, може да
сечете на пр. градежни елементи што стрчат како
водоводни цевки, непосредно на ѕидот.
Поставете го листот за пилата директно на ѕид и свиткајте
го малку со страничен притисок на електричниот апарат,
додека основната плоча не легне на ѕидот. Вклучете го
електричниот апарат и сечете го делот што се обработува
со постојан страничен притисок.
Куки за закачување (види слика E)
Со куките за закачување 5 може да го закачите елек-
тричниот апарат на пр. на скала. Отворете ги куките за
закачување 5 во саканата позиција.
 При закачувањето на електричниот алат, внима-
вајте листот за пилата да е заштитен од невни-
мателно допирање. Постои опасност од повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување 5, кога ќе
сакате да работите со електричниот апарат.
Средства за разладување/подмачкување
При сечење на метал, заради вжештување на материјалот,
нанесете средство за ладење одн.подмачкување по
должината на линијата на резот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Прифатот за листовите за пила, воглавно може да го
исчистите со компресиран воздух или со мека четка.
Притоа, извадете го листот за пилата од електричниот
апарат. Одржувајте ја функционалноста на прифатот за
листовите за пила со употреба на соодветни средства за
подмачкување.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од специфи-
кационата плочка на производот.
Македонски | 125
1 609 92A 2L1 | (5.4.17)

Publicité

loading