- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното B и држете го притиснато додека ја
прицврстувате навртката на обрачот D, со помош
на клучот E
! не ја прицврстувајте навртката на обрачот D
премногу силно
! никогаш немојте да ја навртувате навртката на
обрачот ако приборот се не се наоѓа во
обрачот; на тој начин, обрачот може да се
оштети
• Менување на обрачот 6
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното B и држете го притиснато додека ја
отстранувате навртката на обрачот D
- отстранетего обрачот C
- ставете нов обрач
! никогаш немојте да ја навртувате навртката на
обрачот ако приборот се не се наоѓа во
обрачот; на тој начин, обрачот може да се
оштети
• Пред користење на електричниот алат
- проверете дали е приборот исправно поставен и
силно прицврстен
- проверете дали приборот може да се помести,
така што рачно ќе го стартувате
- пробно вклучете го алатот најмалку 30 секунди на
најголема брзина во празен од и во сигурна положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја
одредите причината
• Прекинувач за вклучување/исклучување 7
- вклучете/исклучете го електричниот алат со
поместување на копчето A во "I"/"O" положба
! пред дополнителниот дел да го допре делот за
работа, алатот мора да работи со полна брзина
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
• Контрола на брзината 8
За оптимални резултати на различни материјали
- одберете ја брзината со помош на тркалцето G
(тоа можете да го правите и кога алатот е
вклучен)
- користете 9 како пример за одредување на
соодветната брзина
- пред да почнете со работата, пронајдете ја
оптималната брзина преку тестирање на стариот
материјал
! по подолг период на работа со помала брзина,
мора да го пуштите алатот да се олади, така
што ќе работи околу 3 минути на поголема
брзина, без оптеретување
• Држење и насочување на алатот 0
- рачка со моливот за прецизна работа (гравирање)
- рачка за една рака за помалку прецизна работа
(брусење)
- потпорна рачка за дополнителна контрола и
удобност
- немојте премногу да го притискате електричниот
алат; дозволете брзина сам да работи
• Потпорна рачка !
- може да се подеси како што е прикажано на
сликата
- може да се постави во 4 различни положби
• Рефлектор (не се добива заедно со алатот) @
Вклучете/исклучете го рефлекторот J со вртење на
копчето K во насока спротивна на стрелките на
часовникот/во насока на стрелките на часовникот
• Осовина која се витка (не се добива заедно со
алатот) #
- поставете ја осовината која се витка како што е
прикажано на сликата
- користете ја осовината која се витка за работа на
тешкопристапни места
Менувањето на приборот при користење на
осовината која се витка $
- повлечете го ракавот L надолу (=брава на
вретеното) и држете го додека со раката ја
навивате навртката на обрачот D, така што
бравата на вретеното оневозможува понатамошно
вртење, а потоа отпуштете ја навртката на
обрачот D со помош на клучот E
- ставете го приборот во обрачот C
- повлечете го ракавот L надолу (=брава на
вретеното) и држете го додека ја прицврстувате
навртката на обрачот D со помош на клучот E
• Поставување на постамент (се добива заедно со
алатот) %
- поставете го постаментот на работната површина
или маса, со максимална дебелина од 60 мм
- подесете ја висината на постаментот со вртење на
цевките M во насоката спротивна од стрелките на
часовникот, поставете ги на соодветната висина,
а потоа свртете ги во насоката на стрелките на
часовникот
- подесете ја висината на штитникот N со
отпуштање на копчето P, а потоа подесете го
штитникот на саканата висини а прицврстете го
копчето P
- прицврстете го електричниот алат на штитникот,
со помош на куката Q
• Склопување на определениот прибор ^)
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
• Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење H 2)
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
• Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
165