Télécharger Imprimer la page

Skil 1415 Notice Originale page 162

Outil rotatif à grande vitesse
Masquer les pouces Voir aussi pour 1415:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 12
d) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
e) Вкупната димензија на тркалата, барабанот за
пескарење или која било друга дополнителна
опрема мора правилно да легнуваат на
осовината или стегата на алатот.Дополнителната
опрема којашто не соодветствува на елементот за
поставување кај алатот нема да работи рамномерно,
ќе вибрира прекумерно и може да предизвика да ја
загубите контролата.
f) Тркалата што се поставуваат на вретено,
барабаните за пескарење, секачите или другата
дополнителна опрема мора да бидат вметнати
докрај во стегата или клинот. „Висењето" или
должината на вретеното од тркалото до стегата
мора да биде минимално. Ако вретеното не се
држи добро и/или слободниот дел кај тркалото е
многу долг, поставеното тркало може да се
разлабави и да се исфрли при голема брзина.
g) Не користете оштетена дополнителна опрема.
Проверете ја дополнителната опрема пред
секоја употреба за да утврдите дали
абразивните тркала содржат парчиња и
пукнатини, дали барабанот за пескарење има
пукнатини, дали челичните четки имаат
разлабавени или скинати жици. Ако алатот или
дополнителната опрема паднат, проверете дали
се оштетиле или ставете неоштетена
дополнителна опрема. По проверката и
поставувањето на дополнителната опрема,
поставете се подалеку од опсегот на
ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина да
работи една минута без оптоварување.
Оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка.
h) Носете лична опрема за заштита 4. Зависно од
употребата, носете заштита за лице,
безбедносни очила или заштитна маска. Ако е
соодветно, носете маска за прашина, заштита за
уши, ракавици или престилка што имаат
капацитет да ги застануваат ситните абразивни
честички или остатоци од работата. Заштитата за
очи мора да овозможува застанување на
разлетаните остатоци од работата при разни
операции. Маската за прашина или респираторот
мора да имаат капацитет за филтрирање на честички
коишто се генерираат при работата. Продолжено
изложување на голема бучава може да го оштети
слухот.
i) Стојте настрана на безбедно растојание од
областа за работа. Секој што ќе пристапи до
областа за работа мора да носи лична опрема за
заштита. Честичките од работата или од скршена
дополнителна опрема може да одлетаат и да
предизвикаат повреда подалеку од областа за
работа.
j) Држете го алатот само за изолираните
површини за зафаќање кога извршувате работа
при која што дополнителната опрема за сечење
може да дојде во контакт со сокриените жици
или со кабелот. Ако дополнителната опрема за
сечење дојде во контакт со жица под напон, може да
ги електрифицира металните делови на алатот и да
предизвика електричен удар на операторот.
k) Секогаш држете го алатот цврсто со рацете при
вклучувањето. Повратниот обртен момент на
моторот додека се забрзува при полна брзина, може
да предизвика вртење на алатот.
l) Користете стеги за парчето за обработка
секогаш кога тоа е можно. Никогаш не држете
мало парче за обработка со едната рака, а
алатот со другата додека работите. Прицврстете
го малото парче за обработка и ќе може да го
контролирате алатот со двете раце. Тркалезните
материјали како заоблени стапови, цевки или црева
тежнеат да се вртат додека ги сечете и може да
предизвикаат бургијата да се превитка или да
отскокне кон вас.
m) Поставете го кабелот подалеку од
дополнителната опрема којашто се врти. Ако
изгубите контрола, кабелот може да се пресече или
се попречи и раката или дланката може да се
повлечат кон дополнителната опрема којашто се
врти.
n) Никогаш не оставајте го алатот додека
дополнителната опрема не се смири во целост.
Опремата којашто се врти може да се закачи за
површината и да ја изгубите контролата врз алатот.
o) По промена на бургиите или ако правите какви
било прилагодувања, проверете дали навртката
на стегата, клинот или останатите уреди за
прилагодување се безбедно затегнати.
Разлабавените уреди за прилагодување може
неочекувано да се поместат со што ќе се предизвика
да изгубите контрола, а разлабавените ротирачки
делови да се отфрлат насилно.
p) Не вклучувајте го алатот додека го носите
отстрана. Случајниот контакт со дополнителната
опрема којашто се врти може да се заплетка во
облеката и да го повлече алатот кон телото.
q) Редовно чистете ги отворите за вентилација на
алатот. Вентилаторот на моторот вовлекува
прашина во куќиштето, а прекумерната акумулација
на иситнет метал може да предизвика електричен
удар.
r) Не работете со алатот близу запаливи
материјали. Искрите може да ги запалат овие
материјали.
s) Не користете дополнителна опрема којашто бара
течни разладувачи. Употребата на вода или други
течни разладувачи може да предизвикаат
електричен удар или смрт.
2) ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
• Повратен удар е неочекувана реакција на потфатено
или заглавено тркало, ремен за пескарење, четка
или која било друга дополнителна опрема.
Потфаќањето или заглавувањето предизвикуваат
нагло попречување на вртењето што предизвикува
алатот врз кој веќе немате контрола да се потисне
162

Publicité

loading