Генерални Упатства; Други Безбедносни И Работни Упатства; Технички Податоци; Наменска Употреба - Milwaukee M12 PL Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 44
1 ГЕНЕРАЛНИ УПАТСТВА
1.1
Други безбедносни и работни упатства
Секогаш проверувајте ја работната област пред да започнете со работа. Не дозволувајте уредот да дојде во контакт
со електрични компоненти, хемикалии или подвижни делови.
Не менувајте ја батеријата кога површината на алатот е влажна.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат
старите батерии за еколошко отстранување.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво полначи од систем M12 за полнење на батерии од систем M12. Не користете батерии од друг
систем.
Течност од оштетените батериите може да истече при екстремно преоптоварување или екстремна температура.
Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги
убаво најмалку 10 минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не го потопувајте во течност апаратот, батеријата или полначот и пазете да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Овој апарат не смее да се опслужува или чисти од страна на лица кои што располагаат со намалени телесни,
сензорни или душевни способности односно недостаток на искуство или знаење, освен ако не биле обучени за
безбедно ракување со апаратот од страна на лице кое што е според законот одговорно за нивната безбедност. Горе
наведените лица треба да се набљудуваат при употреба на апаратот. На апаратот не му е место крај деца. Затоа при
негова неупотреба апаратот треба да се чува безбедно и вон дофат на деца.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој апарат содржи литиумска ќелиска батерија. Новата или употребената батерија
може да предизвика сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што малку како 2 часа, ако се
проголта или влегува во телото. Секогаш прицврстете го капакот на батеријата. Ако тоа не се затвора
безбедно, престанете да го користите апаратот, отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца. Ако
мислите дека батериите се проголтани или се влезени во телото, веднаш побарајте медицинска помош.
1.2
Технички податоци
Волтажа на батеријата .......................................................................................................12 V
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 ... 6,0 Ah) ..................................2.56 ... 2.8 kg
Фреквентна лента (фреквентни ленти) за блутут ................................................2402-2480 MHz
високофреквентна моќност ...............................................................................................1,8 dBm
Верзија блутут...........................................................................................................4.0 BT signal mode
Препорачана температура на околината при работа ................................................-18 .... +50 °C
Препорачани типови на акумулаторски батерии ............................................................M12B...
Препорачани полначи ......................................................................................... C12C, M12C4, M12-18...
1.3
Наменска употреба
ЛОКАТОРОТ НА ЦЕВКИ И КАБЛИ служи за лоцирање на сонди, како и следење на кабелот за туркање на СИСТЕМОТ
ЗА ПРОВЕРКА НА ЦЕВКИ од Milwaukee.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за нормална употреба.
1.4
Барања за радиофреквенција поврзани со европски инсталации
Упатство: Овој апарат е тестиран и ги исполнува граничните вредности на приемникот од категорија 3 во согласност
со EN 300 440 V2.1.1.
Овие гранични вредности мора да обезбедат соодветна заштита од нарушувања на радио во станбени згради.
Овој апарат реагира на други апарати што пренесуваат радио бранови во фреквенцијата од 2402 до 2480 MHz. Ова
може да доведе до нарушувања при користење на далечинскиот управувач. Не може да се исклучи нарушувањата да
се појават под одредени околности. За да одредите дали овој апарат се меша со радио сигнали од други апарати,
кратко исклучете ги другите апарати за да проверите дали мешањето тогаш исчезнува. Следниве мерки можат да
помогнат во отстранувањето на нарушувањата:
- Исклучете го изворот на мешање.
- Зголемете го растојанието до изворот на мешање.
- Консултирајте се со специјалист продавач или со квалификуван радио-техничар.
МАКЕДОНСКИ
2

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières