Milwaukee MXF COSC Notice Originale page 36

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ РАЧЕН ЦИРКУЛАР СО КОЛИЧКА
За употреба со ..........................................................................
Содржина на резервоарот........................................................
Максимална дозволена вкупна тежина ...................................
Резна длабина (длабочина на потопување на дискот за сечење) ...
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства, инструкции, илустрации и
спецификации за овој електричен алат. Недоследно
почитување на подолу наведените упатства можe да
предизвика електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
Внимавајте на сите совети и предупредувања
наведени во овие упатства за работа.
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА РАЧЕН
ЦИРКУЛАР СО КОЛИЧКА
Секогаш носете заштита за очите за да се намали
ризикот за повреда. Носете соодветна заштитна
опрема за ушите и устата.
Соодветно монтирајте jа количката пред употреба
на рачниот циркулар. Важна е прописната монтажа, за
количката да биде стабилна за време на употребата.
Рачниот циркулар треба прописно да се прицврсти
на количката пред употреба. Ако рачниот циркулар се
помести на количката, може да загубите контрола.
Поставете jа количката на цврста и рамна
површина. Ако количката се поместува или мрда, нема
да можете да го користите рачниот циркулар безбедно
со количката.
Користете само со рачен циркулар од типот MX
FUELTM. Неправилно поставениот рачен циркулар
може да предизвика повреди или материјални штети.
Отстранете ја заменливата батерија пред да го
вметнете рачниот циркулар во количката, како и
пред складирање или транспорт.
Извадете ја заменливата батерија од држачот пред
употреба.
Пред секоја употреба, внимавајте на правилната
насока и на сите завртки.
Отстранете ги нечистотиите од површината за
сечење. Кога jа поставувате количката преку страни
тела, дискот за сечење може да се заглави и скрши.
Користете jа количката само за сечење на прави
линии. Кружните движења може да го извиткаат или
искршат дискот за сечење.
Секогаш внимавајте на контролата. Секогаш стојте
цврсто и држете противтежа.
Секогаш чувајте jа количката во работна состојба.
Количката треба да биде сува, чиста и незамастена.
Внимавајте на забелешките за менување на
додатоците. Секогаш проверувајте jа количката дали
има знаци на оштетувања или абење.
Секогаш користете jа количката внимателно и
грижливо. Не е возможно да се предвидат сите
ситуации на опасност. Не користете jа количката ако не
ги разбирате упатствата или ако сте преоптоварени од
работа. За повеќе информации или обука, обратете се
кај Milwaukee или кај квалификувано стручно лице.
Немојте да ги отстранувате етикетите и плочките со
упатства. Овие плочки содржат важни информации. Ако
плочките повеќе не се читливи или недостигаат,
обратете се до сервисната служба на MILWAUKEE, за
да добиете замена на истите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Одредени машини за брусење
и градежништво може да предизвикаат прав што
70
МАКЕДОНСКИ
MXF COSC
........ MXF COS350
........................10,4 l
...........................69 kg
......................134,5 mm
содржи хемиски сусптанци, коишто се карционегени,
предизвикуваат вродени маани или неплодност.
Примери за такви видови на хемиски супстанци се:
• олово од бои врз база на олово,
• кристали на силициум диоксид од цигли, цемент или
други производи за градежништвото, како и
• арсен или хром од хемиски третирано дрво за
градежништво.
Ризикот од изложување зависи од тоа колку често
работите со ваквите видови на производи. За да
можете да го сведете ризикот од изложување на
минимум, работете во добро проветрени простории.
Носете официјално одобрена заштитна опрема, како
маска за прав со филтер за микроскопски честички.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
При сечење метали доаѓа до појава на искри.
Внимавајте на тоа, да не бидат загрозени луѓе. Поради
опасноста од пожар, во близина не смеат да се наоѓаат
запаливи материјали (подрачје на искри). Не
употребувајте уреди за всмукување прашина.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го
погодат телото.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел
да ја најдете причината за нив.
НАВЕДЕНИ УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА
Количката на рачниот циркулар е предвидена за
обработка на камен и керамички материјали.
Употребувајте jа количката само со циркулари од
Milwaukee од типот MXF COS350.
Во секој случај почитувајте ги упатствата
напроизводителите на приборот.
Не користете го производот на поинаков начин од
наведениот.
ПРИКЛУЧОК ЗА ВОДА
Достапно е поврзување на алатката со вода за ладење
на дискот за сечење и намалување на таложењето на
прав. Ладењето со вода треба да се користи при секоја
употреба за сечење на бетон.
За најдобри резултати, дозволете водата да го обложи
целиот диск за сечење пред обработката.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Носете ракавици!
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се фрлат
заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба
да се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
71

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières