Bosch GCM 18V-216 DC Professional Notice Originale page 409

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 18V-216 DC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 46
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (27) за 0°.
Рачката (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика V1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (17).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (13).
Подесување (види слика V2)
– Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
– Притиснете го граничникот (43) сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (70) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (34).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (70).
Доколку по подесувањето, агломерот  не е во линија со 0°
ознаката на скалата (32) олабавете ја завртката (69) со
обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по
должина на 0° ознаката.
Подесување на вертикалниот стандарден агол на
закосување 45° (лево)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за сечење (17) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива гранична водилка (16).
– Свртете го левиот граничник (31) додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
– Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево,
додека завртката-граничник (71) не налегне на
граничникот (31).
Проверка (види слика W1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила (17).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (13).
Подесување (види слика W2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (71) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник (71) навнатре или
нанадвор додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (34).
Bosch Power Tools
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (71).
Ако агломерот (41) и (33) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (32), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Вертикален стандарден агол на закосување 45°
(десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за сечење (17) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја десната подеслива гранична водилка (16).
– Извлечете го граничникот (43) целосно нанапред.
– Свртете го десниот граничник (31) додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
– Олабавете ја затегнувачката рачка (34).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (9) налево,
додека завртката-граничник (72) не налегне на
граничникот (31).
Проверка (види слика X1)
– Поставете го агломерот 135° и ставете го на масата за
пила (17).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (13).
Подесување (види слика X2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (72) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник (72) навнатре или
нанадвор додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (34).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (72).
Ако агломерот (41) и (33) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (32), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (27) за 0°.
Рачката (23) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика Y1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
(15) и сечилото за пила (13) на масата за пила (17).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (13).
Подесување: (види слика Y2)
– Олабавете ги сите четири завртки за подесување (73)
со крстест одвртувач и свртете ја масата за пила (17)
Македонски | 409
1 609 92A 7ED | (21.12.2021)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières