Македонски - Milwaukee WCS 45 Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour WCS 45:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 11
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Определен внес .....................................................................
Брзина без оптоварување .....................................................
Дијаметар на дискот за глодање ..........................................
Длабочина на сечење ............................................................
Ширина на сечење .................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 ........................
Типично отежнато забрзување во делот на раката. ............
Типично очекувани нивоа на звук.
Ниво на звучен притисок. (K = 3 dB(A))...............................
Ниво на јачина на звук. (K = 3 dB(A)) ..................................
Измерените вредности се одредени согласно стандардот
EN 60 745.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на
почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Користете помошни рачки кои доаѓаат заедно со
алатот. Губењето контрола може да предизвика
повреда.
Држете го електричниот алат за издадените
површини при изведување на операции при кои
алатот за сечење можат да дојдат во контакт со
скриени жици или сопствениот гајтан. Контакт со
жица под напон исто така ќе направи проводници од
металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее
струен удар.
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани
за струја преку направата за поврзување (FI, RCD,
PRCD).
Секогаш носете ракавици кога ја користите машината.
Исто така препорачливо е да се носат очила, цврсти
чевли кои не се лизгаат и престилка.
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
По исклучувањето машибата нема веднаш да се смири.
(Задоцнета работа на работното вретено). Дозволете и
на машината комплетно да сопре пред да ја спуштите.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
Користете само алати чија даозволена брзина е
најмалку колку највисоката брзина на машината без
оптоварување.
Во случај на значителни вибрации или појава на други
неправилности веднаш исклучете ја машината со цел да
ја најдете причината за нив.
Користете само наострени и совршени-без пукнатини
дискови за сечење. Веднаш заменете ги свитканите или
напукнатите дијамантски дискови за сечење. Направете
тестирање во траење од 30 секунди без оптоварување.
Дијаманстските дискови за сечење користете и чувајте
ги согласно препораките на производителот.
Внимавајте на димензиите на дисковите за сечење.
Дијаметарот на центарот на дупката мора да одговара
на ободот без празен простор. Не користете какви и да
се адаптери или парчиња за пополнување.
66
МАКЕДОНСКИ
.......1900 W
.......5800 min
-1
.........150 mm
........0-45 mm
......17-45 mm
..........6,6 kg
..........3,5 m/s
2
...........99 dB (A)
......... 110 dB (A)
Користете ја машината исклучиво за сечење камен на
суво.
Затскриени електрични инсталации, цевки за вода и
плин. Проверете ја работната површина пр: со метал
детектор.
Прашината која се крева при работа со овој алат може
да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја
целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на
главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така
и поврзување на приклучок без заземјување доколку
изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
предизвикува краткотрајни падови на напонот. При
неповолни услови на напојување, останатата опрема
може да биде оштетена. Дококу отпорот на системот на
снабдувањето е помал од 0,2Оhm, мала е веројатноста
за појава на пречки.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Ние во целосна одговорност изјавуваме дека овој
производ е во сообразност со следните стандарди и
стандардизирани документи.
EN 60745
EN 55014-1:2006 + A 1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:1997 + A1:2001 + A2:2008
EN 61000-3-2:2006 + A1:2009 + A2:2009
EN 61000-3-3:2008
и е во согласност со прописите
2011/65/EU (RoHs)
2006/42/EC
2004/108/EC
Winnenden, 2012-09-07
Rainer Kumpf
Director Product Development
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Машината за кршење ѕидови сече канали за кабли и
цевки (ѕидарски жлебови) при каква и да е конструкција
од тули со двојните дијаманстки дискови кои работат
паралелно.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
СОВЕТ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Машината автоматски се исклучува доколку моторот е
преоптоварен. Оставете да се олади, притиснете го
копчето за преоптоварување и рестартирајте ја
машината. Доколку често се вклучува заштитата од
преоптоварување, намалете го притисокот при сечење
или длабочината на резот.
Подесувањето за непрекинато варијабилно широко
сечење ја има предноста доколку ширината на засекот е
правилно наместена, цевките и др. Можат да се
постават точно во засекот и не е потребно истите да се
прицврстуваат со клинци како би спречиле нивно
паѓање.
Острете ги тапите куси сечила (можат да бидат
препознаени по искрите кои летаат при сечењето) со
неколку засеци во калцифицирани песочни карпи или
специцијален камен за острење.
Доставените Milwaukee дијамантски дискови за делење
се со исклучително висок квалитет и овозможуваат
висок учинок при сечењето во сите видови камен и
бетон. Во случај на искористеност препорачуваме
повторно да се купат дијамантски дискови за делење
што можат да се добијат во програмата за прибор од
Milwaukee.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Milwaukee Electric Tool,
Max-Eyth-Straße 10, D-71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате
машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината
носете ракавици.
Носте штитник за уши.
Користете ФФП2 респиратор за честички
како минимална заштита.
Носете ракавици!
Секогаш пред спроведување на каков и
да е зафат врз машината исклучете го
кабелот од приклучокот.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Не ги фрлајте електричните апарати
заедно со другиот домашен отпад!
Европска регулатива 2002/96/EC за
одлагање на електична и електронска
опрема и се применува согласно
националните закони. Елекричните
апарати кои го достигнале крајот на
својот животен век мора да бидат
одвоено собрани и вратени во соодветна
рециклажна установа.
Заштитна класа II, електро-орудие, кај
кое што заштитата од електричен удар
не зависи само од базичната изолација
туку каде што се применуваат и од
дополнителни безбедносни мерки, како
што е дуплата изолација или засилената
изолација.
МАКЕДОНСКИ
67

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières