Не го притискајте прекинувачот додека ја подесувате
длабочината на погонското тркало.
Секогаш одберете серискиот режим на работа, пред да
ја подесувате длабочината на дискот.
Немојте да ја насочувате алатката кон себе или кон
некој близу вас кога ја подесувате длабочината на
дискот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш да бидат свесни дека со злоупотреба и
неправилно ракување со оваа алатка може да се
повредите себи си или некој друг.
Алатката е наменета за употреба со една рака. Немојте
да го држите алатот со предниот дел од магацинот. Не
ставајте ги рацете, главата или некои други делови од
телото во близина на дното од магацинот кога шајката
излегува од алатката, бидејќи може да предизвикате
сериозни повреди.
Секогаш осигурајте се дека контактот на парчето што се
работи е целосно позициониран над парчето што се
работи. Позиционирањето на контактот на парчето што
се работи само парцијално над него може да предизвика
шајката целосно да го промаши парчето кое се работи и
да доведе до сериозна повреда.
Немојте да забивате шајки близу до работ на
материјалот. Парчето што се работи може да се распука
и шајката може да се врати и да ве повреди вас или
вашиот колега. Ве молиме да земете во предвид дека
шајката може да ја следи текстурата на дрвото, со што
неочекувано може да штрчи странично од работниот
материјал или да се отклони, а можно е и да предизвика
повреди.
Држете ги рацете и другите делови од телото
понастрана од непосредната работна површина. Држете
го парчето што се работи со стегачи кога е потребно, со
што ќе се заштитат рацете и другите делови од телото
од несакани последици. Осигурајте се дека парчето што
се работи е прописно прицврстено пред да ја притиснете
шајката во материјалот. Контактот на парчето што се
работи може да предизвика неочекувано поместување
на работниот материјал. Држете го лицето и другите
делови од телото подалеку од задниот дел од алатката
кога работите на ограничени површини. Неочекуван
повратен удар може да предизвика влијание врз телото,
особено кога се забиваат шајки во тврд или компактен
материјал.
При нормална употреба на алатката, алатката ќе се
врати во првичната положба веднаш штом ќе биде
забиена шајката. Тоа е нормална функција на алатката.
Немојте да се обидете да го спречите повратниот удар
држејќи го алатот на материјалот. Обидот да се спречи
повратен удар може да резултира со испукување на
втора шајка. Цврсто држете ја рачката, дозволете и на
алатката да ја врши својата работа и не ја ставајте
другата рака на врвот од алатката или близу до одводот
за издувни гасови. Непочитувањето на ова
предупредување може да предизвика сериозни повреди.
Немојте да забивате шајки над други шајки или под
стрмен агол, бидејќи тоа може да предизвика
скршнување на шајката што пак може да доведе до
повреда.
Секогаш да се проверува работната површина за
постоење на скриени електрични кабли, гасоводни
цевки, водоводни цевки, итн., пред да се користи
алатката на ваква работна површина.
Длабочината на аплицирањето на шајката може да се
подеси под воздушен притисок. Ве советуваме најпрво
да ја тестирате длабочината на парчето кое се работи со
цел да се утврди потребната длабочина за аплицирање
на шајката.
470 434 - M18FFNS.indd 123
470 434 - M18FFNS.indd 123
Само шајки што одговараат на описот даден во технички
податоци може да се користи со оваа алатка.
Користењето на несоодветни шајки може да доведе до
нивно заглавување или до други дефекти.
Да не се селектира режимот на работа на контактно
активирање кога се работи на скелиња, скали или на
платформи каде што е неопходно да се менува
позицијата на телото. На тој начин може ненамерно да
се испука шајка со неадекватно активирање на
контактот на парчето за работа додека човек се движи, а
доколку е активиран режимот на работа на контактно
активирање. Доколку е неопходно движење, изберете го
режимот на работа на целосно сериско активирање или
целосно деактивирајте ја алатката со тоа што ќе ги
отстраните батериите. На овој начин се намалува
можноста за повреди кај вас или кај други лица.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем18 V за полнење на
батерии од18 V систем. Не користете батерии од друг
систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Алатката е наменета за забивање на шајки во дрво или
слични меки материјали од магацинот кој содржи лента
од соодветни шајки. Шајките кои можат безбедно да се
наполнат во магацинот за овој производ се дадени во
табелата на спецификации на производот во овој
прирачник. Немојте да користите друг тип на шајки.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
МАКЕДОНСКИ
123
12.05.2020 10:45:24
12.05.2020 10:45:24