МАШИНАТА ОТСЕКУВАЊЕ
SSM1007
Благодариме за купувањето на овој FERM
производ. Со тоа имате одличен производ,
испорачан од еден од водечките добавувачи во
Европа. Сите производи доставени од страна
на FERM се произведени според највисоките
стандарди на перформанси и безбедност. Како
дел од нашата филозофија е обезбедување
на одличен срвис за клиентите, со поддршка
со нашите сеопфатни гаранции. Се надеваме
дека ќе уживате користејќи го овој производ
многу наредни години.
1. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Објаснување на симболите
Внимателно прочитајте го
упатствово пред да ја користите
машината. Бидете сигурни дека
знаете како функционира машината и
како да ракувате. Одржувајте ја
машината според упатствата и
бидете сигурни дека правилно
функционира. Чувајте го упатствово и
другата документација заедно со
машината.
Означува ризик од повреда, губење
на живот или оштетување на
алатот во случај на непочитување
на упатствата.
Означува ризик од струен удар.
Носете заштита за уши и очи.
Посебни безбедносни упатства
•
Носете заштитни очила и маска за прашина.
•
Оваа пила е само за внатрешна употреба.
•
Уверете се дека запците на листот се
свртени надолу, пред да ја користите
машината.
•
Ако на листот недостасуваат или има
оштетени запци, веднаш да го смените
листот.
•
Користете ја машината врз стабилна и
рамна површина.
•
Никогаш не го притискајте листот
странично, за да не го скршите.
•
Проверете ги дрвените работни парчиња од
можни шајки и сл. и отстранете ги.
•
Не ги допирајте исечените површини со рака.
•
Не ја оставајте пилата без надзор додека
работи.
•
Не отстранувајте отпадоци од дрво со раце
во близина на листот, додека машината
работи. Исклучете ја машината пред
отстранување на отпадоците.
Веднаш исклучете ја машината при
•
Прекин на главна приклучница, главен
кабел или оштетен кабел.
•
Расипан прекинувачот.
•
Чад или смрдеа на изгорена изолација.
Електрична безбедност
При користење на електрични машини
почитувајте ги безбедносните правила во
вашата земја, за да го намалите ризикот од
пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги
следните безбедносни упатства и приложените
безбедносни упатства.
Секогаш проверувајте дали напонот
на напојувањето одговара на
наведениот напон на плочката.
Мрежно приклучување
Користете само заземјени приклучоци со
заземјена жица во согласност со прописите.
Користете продолжни кабли
Користете само одобрен продолжен кабел, што
одговара на моќноста на машината. Жиците
треба да имаат најмал попречен пресеок од 1,5
mm2. Ако кабелот е во ролна, мора да биде
целосно одвиткан.
2. ПОДАТОЦИ ЗА МАШИНАТА
Вовед
Машината за отсекување е одлична за
правење слагалки, играчки, дрворез и накит.
Поради својот капацитет на сечење таа е рачен
направи-сам алат. Таа сече дрво со дебелина
до 50 mm, како и пластика и обоени метали.
85