Dremel 7020 Traduction De La Notice Originale page 236

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
КОРИСТЕЊЕ
ПОЧЕТОК
Третманот на ноктите на домашниот миленик за прв пат може да биде
загрижувачко искуство, како за домашниот миленик, така и за неговиот сопственик.
Доколку започнете од рана возраст и третманот стане дел од дресурата на
вашиот миленик, тој ќе се навикне на тоа.
Како прво, тренирајте го вашиот миленик да се навикне шепите да му бидат
допирани и третирани пред да ги изложите на ротирачкиот алат. Еден од
начините на кои може да го постигнете тоа е со масирање на неговите нозе,
шепи и прсти во времетраење од неколку минути најмалку еднаш во денот.
Потоа, направете позитивна асоцијација со ова искуство на тој начин што ќе го
наградите вашиот миленик со неговата омилена храна.
Потоа, помогнете му на вашиот миленик постепено да се навикне на
ротирачката алатка. Дозволете му на вашиот миленик да ја помириса алатката
додека е исклучена. Потоа, држете ја алатката во рака и доволете му на вашиот
миленик да го слушне звукот што таа го прави кога е вклучена.
Постепено обидете се да ги доближите ноктите на вашиот миленик до
ротирачкиот диск за стругање и да ги допрете пократко од секунда. Сепак, не
стругајте ги ноктите, туку само дозволете му на вашиот миленик да се запознае
со алатката. Преку процес на навикнување, продолжете да го охрабрувате
вашиот миленик и доброто однесување да го наградувате со неговата омилена
храна. Овој процес може да трае и неколку дена или недели.
АНАТОМИЈА НА НОКТ
9
Пред да ги сечете ноктите на Вашиот миленик, ќе треба да знаете каде се наоѓа
живецот.
На Слика 9 е прикажана основната анатомија на ноктот на еден миленик.
Надворешниот дел од ноктот е тврд и не реагира на сензорни дразби затоа што
нема нервни завршетоци. Средишниот дел од ноктот е живото месо (живец). Тоа
се состои од ситни крвни садови и нервни завршетоци и е многу чувствително.
Живецот е вена којашто го храни ноктот. Доколку го пресечете живецот при
сечењето на ноктот, тој ќе почне да крвави.
Ноктите што имаат светла боја се обично доволно проѕирни да може да ја
видите розовата површина на живецот. Ако ноктите имаат темна боја, може да
не видите каде се наоѓа живецот. Милениците може да имаат и светли и темни
нокти, па така би можеле да претпоставите каде се наоѓа живецот.
На Слика 9, исто така, е дадена претпоставка во однос на тоа кој би бил
вистинскиот агол под кој би требало да ги кратите ноктите на вашиот миленик.
Непишано правило е тоа да се прави под агол од 45 степени од долниот дел на
шепата во правец нагоре.
ТРЕТМАН НА НОКТИ
A q
! Алатот никогаш да не се држи за додатокот. Ако го држите алатот за
додатокот, може да се случи тој неочекувано да се изврти и да ја изгубите
контролата врз него.
Поставете ја шепата на миленикот на платформата Q за ноктот да биде близу,
но да не се допира до дискот за стругање V.
Вклучете го алатот на тој начин што ќе го поместите прекинувачот В во позиција
'LO' (1), што одговара на околу 6500 врт./мин. Алатот може да се вклучи и на
брзина 'HI', доколку тоа не претставува проблем за вас или за вашето куче.
Држете ги шепата и ноктот со едната рака, а со другата ракувајте со ротирачкиот
алат. Така е поудобно за вашиот миленик затоа што се намалуваат вибрациите
врз шепата.
Со нежно притискање на долната страна на шепата, ноктите во одредена мера
се издолжуваат и е полесно да се изврши третманот.
Важно е целата работа да ја препуштите на брзината на ротирачката алатка.
Никогаш не притискајте со дискот за стругање врз ноктот. Од притискање ноктот
може да се вжешти премногу и да причини налагодност кај вашиот миленик.
Ноктот не треба да биде во контакт со ротирачкиот диск за стругање подолго од
три секунди одеднаш.
Наместо третманот на ноктите да го правите еден по еден, се препорачува
накратко да ги третирате сите нокти на една шепа, а потоа на друга шепа,
повторувајќи во неколку тури. Така им се дава време на ноктите да се изладат.
Овој процес може да се повтори по потреба.
Скратете ги ноктите така што би имале должина која скоро допира до земјата
кога вашиот миленик се движи.
236

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières