Bosch GTS 635-216 Professional Notice Originale page 335

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 44
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
u
упатства што се приложени на работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од
расклопување.
– Монтирајте го електричниот алат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
За да ја избегнете опасноста од пожар при сечење
u
на алуминиум, испразнете го долниот поклопец за
сечилото за пила и не користете всисувач на
струготини.
Чистење на долниот поклопец на сечилото за пилата
(види слика j)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го отворите
долниот поклопец на сечилото за пила (43).
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
Bosch Power Tools
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Електричниот алат навалете го на страна.
– Отворете ја подната решетка (31) (види слика a).
– Полека извлечете ги јазичињата (44) на поклопецот на
сечилото за пила и отворете го долниот поклопец на
сечилото за пилата (43).
– Отстранете ги искршените делови од делот што се
обработува и струготините.
– Затворете го повтроно долниот поклопец на сечило за
пила (43), сѐ додека јазичињата (44) не се вклопат.
– Затворете ја подната решетка (31).
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Надворешно всисување (види слика k)
– Цревото за всисување прикачете го цврсто во
соодветниот адаптер за всисување (29).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слики l1 −
l4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
u
ракавици. Постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се
u
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
сакате да го обработувате. Со тоа ќе избегнете
прегревање на запците на сечилото и топење на
материјалот што се обработува.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Вадење на сечилото за пила
– Отворете го затезниот лост (36) и извадете го
заштитниот поклопец (3) од жлебот на клинот за
разделување (4).
– Свртете ја завртката за блокирање (35) со шилецот на
прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено" и подигнете го додатокот на
масата (23) од отворот за алатот. За полесно да го
подигнете служи дупката од решетката (45).
Македонски | 335
1 609 92A 4PA | (01.03.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières