OBJ_BUCH-1051-004.book Page 152 Friday, October 28, 2016 3:42 PM
152 | Македонски
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и
мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Прекинувачот за правец на вртење 9 поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија 7 притиснете ја однапред навнатре
во подножјето на електричниот апарат, додека не се
заклучи батеријата.
Поставете го правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 9
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: За зашрафување на шрафови,
прицврстување на мутери и за дупчење притиснете го
прекинувачот за менување на правец на вртење 9 на лево
до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови, мутери и дупчење притиснете го прекинувачот
за менување на правецот на вртење 9 на десно до крај.
Подесување на начинот на работа (види слика C)
Со прекинувачот „Дупчење/Одвртување" 4 изберете го
начинот на работа на електричниот апарат.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
За промена на начинот на работа турнете го прекинувачот
„Дупчење/Одвртување" 4 во саканата позиција.
Доколку прекинувачот „Дупчење/Одвртување" 4 не е
турнат до крај, притиснете малку на прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 и повторно отпуштете го,
пред да го турнете прекинувачот „Дупчење/Одвртување"
4 во саканата позиција.
Секогаш туркајте го прекинувачот „Дупчење/
Одвртување" 4 до крај. При работа со нецелосно
поместен прекинувач „Дупчење/Одвртување" 4 може
да дојде до оштетување на електричниот апарат.
1 609 92A 2HA | (28.10.16)
Позиција за Ударно одвртување
Позиција за бавно дупчење со голем
дијаметар на дупката во дрво, метал,
керамика и пластика
Позиција за брзо дупчење со мал
дијаметар на дупката во дрво, метал,
керамика и пластика
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
10 и држете го притиснат.
Лампата 3 свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување 10 е напола или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 10.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 10.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 10 се постигнуваат мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Совети при работењето
Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
За време на дупчењето, не притискајте многу со
електричниот апарат. Преголемиот притисок може да
го оштети врвот за дупчење, негативно да влијае на
моќноста и да го намали рокот на употреба на
електричниот уред.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот.
Максималниот постигнат вртежен момент е резултат од
сумата на сите поединечни вртежни моменти постигнати
со удари. Максималниот вртежен момент се постигнува по
времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој период,
затезниот вртежен момент се зголемува минимално.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој
потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен
вртежен момент, треба постојано да се проверува со
вртежен момент клуч.
Зашрафување со цврсто, меко и лежиште со пружина
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во
последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ќе се
добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на
Bosch Power Tools