Bosch GEX 125-1 A Professional Notice Originale page 142

Masquer les pouces Voir aussi pour GEX 125-1 A Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
142 | Македонски
Избор на брусен диск
Во зависност од употребата, електричниот алат може да
се опреми со брусни дискови со различна цврстина:
– Екстра меки брусни дискови: соодветни за полирање и
удобно брусење, и на заоблени површини.
– Средно цврсти брусни дискови: соодветни за сите
брусни работи, се поставуваат универзално.
– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен
капацитет на рамни површини.
Замена на брусен диск (види слика B)
Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни
дискови (5).
Извлечете го брусниот лист одн. алатот за полирање.
Целосно одвртете ги 4-те завртки (7) и извадете го
брусниот диск (5). Ставете го новиот диск за брусење (5)
и повторно затегнете ја завртката.
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Напомена: Оштетениот носач на брусен диск смее да се
замени само од овластена сервисна служба за
електрични алати на Bosch.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
C1–C4)
Ставете ја кутијата за прав (3) на млазниците за
издувување (8), додека не се вклопи.
Нивото на наполнетост на кутијата за прав (3) може лесно
да се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав (3) извлечете ја
надолу вртејќи.
1 609 92A 4AG | (04.11.2020)
Пред да ја отворите кутијата за прав (3) тропнете со неа
на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за
да ја отстраните правта од филтерот.
Фатете ја цврсто кутијата за прав (3), преклопете го
филтерот (9) нагоре и испразнете ја кутијата за прав.
Исчистете ги ламелите на филтерот (9) со мека четка.
Надворешно всисување (види слика D)
Ставете црево за всисување (10) на млазниците за
издувување (8).
Цревото за всисување (10) поврзете го со всисувач за
прав. Прегледот за приклучување на различните видови
на всисувачи за прав ќе го најдете на почетокот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) надесно
во позиција „I".
За исклучување на електричниот алат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1) налево во
позиција „O".
Претходно избирање на број на осцилации (GEX 125-1
AE)
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (2)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на користењето на алатот.
1 – 2
низок број на осцилации
3 – 4
среден број на осцилации
5 – 6
висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gex 125-1 ae professional

Table des Matières