MIRKA 1230 M Mode D'emploi page 257

Masquer les pouces Voir aussi pour 1230 M:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 136
Испразнете го садот така што ќе го навалите наназад или странично и ќе ја истурите течноста во одводот .
Повторно поставете го горниот дел со моторот врз садот . Прицврстете го горниот дел со моторот со стегите на
садот . Силните движења може случајно да го активираат уредот за ограничување на нивото на вода . Доколку се
случи тоа, исклучете ја машината и почекајте 3 секунди за да го ресетирате уредот . Потоа продолжете со работата
со машината .
3.8 Суво вшмукување
ВНИМАНИЕ
Вшмукување материјали опасни за околината . Вшмуканите материјали може да претставуваат опасност за
околината .
Исфрлајте ги вшмуканите материјали во согласност со правните регулативи .
Исклучете ја машината од напојувањето пред да ја испразните по суво вшмукување . Ослободете ги стегите
на садот извлекувајќи ги нанадвор за да го ослободите горниот дел со моторот . Подигнете го горниот дел со
моторот од садот .
Главен филтер: Проверете го филтерот . За да го исчистите филтерот, можете да го исчеткате или измиете .
Почекајте филтерот да се исуши пред повторно да започнете со вшмукувањето прашина .
Вреќичка за прашина: Проверете ја вреќичката за да го запазите факторот на полнење . Заменете ја вреќичката
за прашина ако тоа е потребно . Отстранете ја старата вреќичка . Новата вреќичка се вградува така што ќе го
поминете картонскиот дел со гумена мембрана низ отворот за вшмукување . Проверете дали гумената мембрана
минала преку подигнатиот дел на отворот за вшмукување .
По празнењето: Затворете го горниот дел со моторот врз садот и прицврстете го горниот дел со моторот со
стегите на садот . Никогаш не вшмукувајте материјали без да го поставите филтерот во машината . Ефикасноста на
вшмукување на машината зависи од големината и квалитетот на филтерот и вреќичката за прашина . Затоа, треба
да користите исклучиво оригинални филтри и вреќички за прашина .
4. По употребата на машината
4.1 По употребата
Исклучете ја машината од приклучницата за напојување кога таа не е во употреба . Намотајте го кабелот,
почнувајќи од машината . Кабелот за напојување може да се намота околу горниот дел со моторот или околу
садот, а може и да се закачи на вградената кука или некој друг држач .
4.2 Транспорт
• Пред да ја транспортирате машината, затворете ги сите стеги на садот .
• Затворете го доводот со капакот за довод .
• Не ја навалувајте машината доколку во садот има течност .
• Не користете куки за дигалки за да ја кревате машината .
• Не ја кревајте машината за рачката на количката
4.3 Складирање
ВНИМАНИЕ
Складирајте го уредот на суво место, заштитено од дожд и мраз . Машината мора да се складира во затворен
простор .
4.4 Складирање на дополнителната опрема и алатите
За практичен транспорт и складирање на дополнителната опрема или алати, странично на машината се вградени
шини кои овозможуваат прицврстување со ленти или други начини . На задниот дел на машината се наоѓаат
флексибилна лента и куки за закачување на цревото за вшмукување или кабелот за напојување . За инструкции,
погледнете во водичот за брзо започнување .
Mirka® Dust Extractor • 1230 M • 230 V / 100–120 V • PC & AFC
mk
257

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Dust extractor

Table des Matières