Bosch GEX 150 TURBO Professional Notice Originale page 135

Masquer les pouces Voir aussi pour GEX 150 TURBO Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
OBJ_BUCH-522-005.book Page 135 Wednesday, April 30, 2014 3:07 PM
Напомена: При поставувањето на брусниот диск
внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во
отворите на брусниот диск.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Надворешно вшмукување
Приклучете ја цевката за вшмукување (опрема) директно
на цевката за издувување 12.
Напомена: Цевката за издувување 12 е изработена од
антистатички материјал. Со дополнителното користење на
антистатичко црево за издувување (опрема) се спречува
електростатичкото полнење на уредот, коешто може да
настане во ретки случаи за време на брусењето.
При работење без вшмукување на прав (напр. полирање)
извадете ја цевката за издувување 12. Притоа одвртете ја
завртката 13 со инбус клуч 7 (опрема) и извадете ја
цевката за издувување 12 од куќиштето.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Дополнителна дршка
Дополнителната дршка 10 овозможува удобно ракување
и оптимална распределба на јачината, пред сè при
отстранување на голема количина материјал при
брусење.
Зашрафете ја дополнителната дршка 10 по избор десно
или лево на куќиштето во навојот 1.
Bosch Power Tools
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот апарат, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 11 нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 11 притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување 11 нанапред надолу додека
не се вклопи.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 11 одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 11 наназад
надолу и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 14
може да го изберете потребниот број на вртежи и за време
на користењето на апаратот.
1–2
низок број на осцилации
3–4
среден број на осцилации
5–6
висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Константната електроника одржува постојан број на
осцилации при празен од и оптоварување и овозможува
иста постојана јачина при работењето.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Избор на капацитет на отстранување материјал
На располагање Ви стојат два режими за работа со
различен капацитет на отстранување. За промена на
капацитетот на отстранување, притиснете на копчето за
отклучување 2 и свртете го прекинувачот за избор на
режим на работа 3 на ознаката на саканиот режим на
работа, додека не се вклопи.
 Не го менувајте режимот на работа за време на
брусењето! Постои опасност од повреда.
Македонски | 135
3 609 929 C83 | (30.4.14)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières