на производи со помош на Bluetooth
технологија. STIHL Smart Connector-от
може да се користи на дожд.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ненаменското користење на Smart
Connector-от може да доведе до тешки
телесни повреди и материјални штети.
► Smart Connector-от користете го
само онака, како што е опишано во
ова упатство за употреба, во
апликацијата и на страницата https://
connect.stihl.com/.
► Smart Connector-от не смее да се
користи како играчка. Доколку Smart
Connector-от се користи во близина
на деца: Надгледувајте ги децата.
■ Батериите што STIHL не ги одобрил за
Smart Connector-от, може да
предизвикаат пожари и експлозии.
Луѓе може да бидат тешко повредени
или усмртени и можна е материјална
штета.
► Користете литиумска копчеста
батерија IEC - CR2032 што смее да се
користи во температурен опсег од -
30 °C до 60 °C.
Примена
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба е можно
компонентите да не функционираат
правилно и безбедносните механизми
да бидат исклучени. Луѓе може да
бидат тешко повредени или усмртени.
► Smart Connector-от користете го со
затворен капак.
► Уверете се дека прстенот за
дихтување се наоѓа во водилката
помеѓу куќиштето и капакот.
► Капакот затворете го така што
симболот стрелка ќе покажува кон
симболот точка на куќиштето.
► Smart Connector-от не смее да се
монтира на рачки, прекинувачи,
командни елементи, заштитни
134
®
механизми, отвори за воздух,
подвижни делови или безбедносни
етикети.
► Smart Connector-от не смее да се
монтира на места што се изложени
на топлина или искрење.
► Доколку Smart Connector-от се
монтира со помош на завртки или
нитни: Не оштетувајте ги
електричните компоненти, кабелот,
водовите за гориво или другите
компоненти.
► Доколку Smart Connector-от се
монтира со помош на завртки:
Користете соодветен сврдел со
пречник од 3 mm, односно од 4 mm,
како што е опишано во апликацијата.
► Доколку Smart Connector-от се
монтира со помош на нитни:
Користете соодветен сврдел со
пречник од 3,5 mm.
► Отворите направете ги од
внатрешната страна на дадениот
дел од куќиштето и во демонтирана
состојба.
► Доколку Smart Connector-от се
монтира со помош на завртки:
Завртките затегнете ги така да
немаат зазор.
► Кога STIHL Smart Connector-от се
користи на STIHL производ: Smart
Connector-от ставете го само на
местото што е опишано и прикажано
во апликацијата и Smart Connector-
от ставете го само на начин што е
опишан и прикажан во апликацијата
и на страницата https://
connect.stihl.com/.
► Кога STIHL Smart Connector-от се
користи на туѓ производ: Запазете го
упатството за употреба на
произведувачот на туѓиот производ.
0457 399 0007 A B20