OBJ_BUCH-428-004.book Page 105 Monday, December 2, 2013 8:47 AM
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци" се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2011/65/EU,
2004/108/EC, 2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
06.08.2013
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Bosch Power Tools
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Надворешно вшмукување (види слика A)
Ставете го цревото за вшмукување 8 на млазниците за
издувување 3. Поврзете го цревото за вшмукување 8 со
вшмукувач за прав. Прегледот за приклучување на
различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство за употреба.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Менување на брусните листови (види слика B)
Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ја
нечистотијата и правта од брусната плоча 5, на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално вшмукување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на основната брусна плоча.
Основната брусна плоча 5 е опремена со велкро лепенка,
така што брусните листови со велкро може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја велкро лепенката од основната брусна плоча
5 пред да ја наместите на брусниот лист 4, за да
овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист 4 ставете го израмнето на едната страна од
основната брусна плоча 5, поставете го брусниот лист на
основната брусна плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист 4 фатете го за врвот и
извлечете го од основната брусна плоча 5.
Опремата за брусење како крзна/филц за полирање не се
зацврстува на истиот начин на основната брусна плоча.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:
За обработка на сите дрвени
материјали
За претходно брусење, на пр. за
груби нерендани греди и даски
За рамно брусење и израмнување
на мали нерамнини
За завршно и фино брусење на
цврсти дрва
Македонски | 105
Гранулација
40 –400
грубо
40, 60
80, 100,
средно
120
180, 240,
фино
320, 400
2 609 932 907 | (2.12.13)