Bosch GCM 80 SJ Professional Notice Originale page 247

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 80 SJ Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
глава (35).
Двете надворешни завртки за прицврстување не смеат
да се олабавуваат!
– Целосно извлечете ја граничната водилка (6)
нанадвор.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (40).
По сечење на вертикални агли на закосување, повторно
вратете ја назад подесливата гранична водилка (6)
(олабавете ја завртката за фиксирање (40); поместете ја
граничната водилка (6) целосно навнатре; повторно
зетегнете ја завртката за фиксирање).
Продолжување на масата за пила (види слика F)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за пила може да се зголеми на левата и десната
страна со помош на продолжетоците (3).
– Олабавете ja завртката за затворање (2).
– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за
сечење (3) до саканата должина.
– За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење
повторно затегнете ја завртката за затворање (2).
Прицврстување на делот што се обработува (види
слика G)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот за
обработка.
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за
добро да се прицврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (6) и (21).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (7) во
отворите предвидени за таа намена (41).
– Прилагодете ја навојната прачка (42) на столарската
стега според висината на делот што се обработува.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (42) и со неа
фиксирајте го делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот и
вертикалниот агол на закосување
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање (25)
u
пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се
заглави во делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика H)
Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси
во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната
страна).
Bosch Power Tools
– Отпуштете го копчето за фиксирање (25), доколку е
затегнато.
– Притиснете на лостот (26), свртете ја масата за
пила (22) со копчето за фиксирање кон лево или
десно и со помош на агломерот (24) наместете го
посакуваниот хоризонтален агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (25).
За брзо и прецизно подесување на често користени
хоризонтални агли на закосување на масата за пила
има жлебови (28):
лево
45°; 22,5°; 15°
– Отпуштете го копчето за фиксирање (25) доколку е
затегнато.
– Притиснете на лостот (26) и свртете ја масата за
пила (22) до саканиот жлеб на левата или десната
страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да
се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (25).
Подесување на вертикалниот агол на закосување
(види слика I)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Целосно извлечете ја граничната водилка (6)
нанадвор.
– Олабавете ја затегнувачката рачка (10).
– Рачката на алатот навалете ја на дршката (16), додека
агломерот (32) не го прикаже саканиот агол на
закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затегнувачката рачка (10).
За брзо и прецизно подесување на стандарден агол 0°
и 45° на куќиштето има крајни граничници.
– Целосно извлечете ја граничната водилка (6)
нанадвор.
– Олабавете ја затегнувачката рачка (10).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (16) до крај
на десно (0°) или до крај на лево (45°).
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (10).
Ставање во употреба
Вклучување (види слика J)
– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот
за вклучување/исклучување (15) и држете го
притиснат.
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (15) не се блокира, туку
мора постојано да се држи притиснат за време на
работата.
Само со притискање на прекинувачот за блокада (17),
кракот на алатот може да се спушти надолу.
Македонски | 247
десно
15°; 22,5°; 45°
1 609 92A 5UB | (22.10.2020)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gcm 800 sj professionalGcm 8000 sj professional

Table des Matières