246 | Македонски
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувачот на струготини (13) може
да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm).
– Поврзете го цревото за всисување на прав со
исфрлувачот на струготини (13).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика
C1−C4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (36) со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (35) и истовремено притиснете ја
блокадата за вретеното (29), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (29) и
одвртете ја завртката (36) во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (37).
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17) и
навалете го осцилаторниот заштитен капак (19)
наназад до крај.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа
позиција и извадете го сечилото за пила (39).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
1 609 92A 5UB | (22.10.2020)
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17), навалете
го осцилаторниот заштитен капак (19) наназад до крај
и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (38).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (37) и
завртката (36). Притиснете ја блокадата на
вретеното (29), додека не се вклопи и затегнете ја
завртката во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика D)
Транспортниот осигурувач (30) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот
(16), за да го ослободи транспортниот осигурувач
(30).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (30).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање (11), ако го
заглавува механизмот за влечење (12). Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– За фиксирање на масата за сечење (22) затегнете го
копчето за фиксирање (25).
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17) и рачката
на алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
– Водете ја рачката на алатот надолу додека
транспортниот осигурувач (30) целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
Поместување на граничната водилка (види слика E)
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја
поместите подесливата гранична водилка (6).
– Олабавете ја завртката за блокада (40) со
испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна
Bosch Power Tools