OBJ_BUCH-2651-002.book Page 169 Thursday, August 25, 2016 11:33 AM
Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив.
Доколку мерниот алат не се употребува според постојните
упатства, можно е да се нарушат интегрираните предупредувања
за заштита на мерниот алат. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван
стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред
создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не го принесувајте мерниот уред во близина на пејсмејкери.
Магнетите 7 создаваат поле, кое може да ја наруши функцијата на
пејсмејкерите.
Држете го мерниот уред подалеку од магнетски носачи на податоци и
уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот 7 може да дојде до
неповратно губење на податоците.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред, и
држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за брзо наоѓање на пулсирачки ласерски зраци.
Bosch Power Tools
Македонски | 169
1 609 92A 3G1 | (25.8.16)