Bosch GPL 5 Professional Notice Originale page 112

Masquer les pouces Voir aussi pour GPL 5 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 14
OBJ_BUCH-815-004.book Page 112 Friday, February 19, 2016 4:16 PM
112 | Македонски
потврда на промената, по второто вклучување, сите
ласерски зраци трепкаат 2 с. во брз такт.
При следното вклучување на мерниот уред, автоматиката
за исклучување повторно е поставена на 20 мин.
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот 8 или на стативот 18.
По вклучувањето автоматиката за нивелирање автоматски
ги израмнува нерамнините во рамки на полето на
самонивелирање од ±5° (должинска оска) одн. ±3°
(попречна оска). Нивелирањето е завршено штом
ласерските точки не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 5°
одн. 3° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат во
брз такт. Во ваков случај, поставете го мерниот уред
хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе
се најде мерниот уред во рамки на полето на
самонивелирање од ±5° одн. ±3°, ласерските зраци
повторно светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на ласерските зраци во однос на референтните
точки, за да се избегнат грешките при поместување.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина
на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот уред
на обичен статив и поставете го во средината на работната
површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како напр.
падови или јаки потреси). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
пречекори максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Доколку точноста при нивелирање на хоризонталните
ласерски зраци за попречната и должинска оска лежи во
рамките на максималното дозволено отстапување, со тоа
е проверена точноста на нивелирањето на вертикалните
зраци (вертикална оска).
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на попречната оска
За проверката потребна е една слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога пред ѕид.
– Монтирајте го мерниот уред на 20 м растојание од
ѕидот на држач, одн. на еден статив или поставете го на
цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
1 609 92A 262 | (19.2.16)
2 0
m
– Насочете го едниот од двата странични ласерски зраци,
коишто поминуваат по должина на попречната оска на
мерниот уред, на ѕидот. Оставете го мерниот уред да се
нивелира. Означете ја средината на ласерската точка
на ѕидот (точка I).
d
– Свртете го мерниот уред за околу 180°, без да ја
промените висината. Оставете го да се изнивелира и
обележете ја средината на точката на другиот
страничен ласерски зрак на ѕидот (точка II).
Внимавајте на тоа, точката II да лежи што е можно
повертикално над одн. под точката I.
– Разликата d на двете означени точки I и II на ѕидот го
дава фактичкото отстапување од висината на мерниот
уред по должина на попречната оска.
На мерната линија од 2 x 20 м = 40 м, максималното
дозволено отстапување изнесува:
40 мм x ±0,3 мм/м = ±12 мм.
Според тоа, разликата d меѓу точките I и II смее да
изнесува најмногу 12 mm.
Проверка на хоризонталната точност при нивелирање
на должинската оска
За проверката потребна Ви е слободна мерна линија од
20 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
држач, одн. на еден статив или поставете го на цврста,
рамна подлога. Вклучете го мерниот уред.
180˚
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières