МК
Електрично поврзување
Пред уклучувањето на апаратот во штекер,
проверете ги напонот и фрекфенцијата
наведени на внатрешната страна на
апаратот дали се кореспондираат со
напонот и фрекфенцијата во вашиот дом.
Ви сугерираме да го приклучите апаратот
на прекинувач кој е соодветен за него и
има осигурач на лесно достапно место.
Внимание!
Апаратот мора да биде заземјен
Електричните дефекти и проблеми треба да
ги поправа само овластено квалификувано
лице.Лошо изведената поправка од страна
на неовластено лице, носи ризик кој може да
вклучи критични последици по корисникот.
ВНИМАНИЕ!
Овој уред работи со фреон R600a кој што е
еколошки но запалив гас. За време на
транспортот и лоцирањето на уредот, мора
да внимавате да не се оштети системот на
ладење. Доколку дојде до оштетување на
системот за ладење и до истекување на
гасот, чувајте го апаратот подалеку од
извори на топлина и на одредено време
проветрувајте ја просторијата.
Предупредување – Не користете
механички предмети и слично за да го
забрзате процесот на одмрзнување.
Употребувајте ги само препорачаните од
производителот.
Предупредување – Немојте да го
оштетувате разладното коло.
Предупредување – Не користите
електрични апарати во внатрешниот дел
различни од оние кои се препорачани од
произведителот.
Инструкции за транспорт
1. Апаратот треба да се транспортира
само во вертикална положба. Кутијата во
која е спакуван уредот не смее да се
оштети за време на транспортот.
2. Ако за време на транспортот апаратот
мора да се постави во хоризонтална
положба, не треба да се користи најмалку 4
часа за да се стабилизира составот.
Упатство за употреба
3. Доколку не се почитуваат
горенаведените упатства, може да дојде до
оштетување на апаратот, при што
производителот нема да биде одговорен.
4. Апаратот мора да биде заштитен од
дожд, влага и други атмосферски
влијанија.
Важно!
• При чистење/поместување на апаратот,
не ги допирајте со раце металните жици на
кондензаторот на позадината од апаратот,
бидејќи може да ги повредите прстите.
• Немојте да стоите или седите на
апаратот, затоа што не е предвиден за тоа.
Може да се повредите или да го оштетите
апаратот.
• Внимавајте при трснспортот или
поместување на апаратот, кабелот да не
дојде под апаратот при што може да дојде
до негово оштетување.
• Не им дозволувајте на децата да си
играат со апаратот или сами да ги
притискаат контролните копчиња.
Инструкции за инсталација
1. Немојте да го чувате апаратот во
просторија каде што постои можност
температурата да падне под 10 степени C
(50 степени F) во текон на ноќта/или на
зима, затоа што апаратот е предвиден за
работа во просторија каде што
температурата се движи од +10 и +32
степени C (50 и 90 степени F). На пониски
температури, апаратот може да не работи,
при што ќе дојде до намалување на рокот
на траење на намирниците.
2. Не го поставувајте апаратот во близина
на шпорети или радијатори или директно
да биде изложен на сонце, затоа што тоа
ќе предизвика додатна работа на апаратот.
Ако апаратот е поставен до извор на
топлина или замрзнувач, држете се до
следните минимални растојанија:
Од шпорет 30 mm
Од радијатор 300 mm
Од замрзнувач 25 mm
3. Внимавајте околу апаратот да има
доволно слободен простор за циркулација
на воздух. (Дел 2).
33