342 | Македонски
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките (55) со клуч со внатрешна
шестаголна глава (4 mm) и извадете ги старите плочи
за вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките
(55) што е можно подесно, така што по целата
должина на можното повлекување на сечилото за пила
нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата
лева плоча за вметнување.
Сечење
Секогаш затегнувајте ги копчето за
u
фиксирање (21) и затезниот лост (7)пред
сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави
во делот што се обработува.
Поставување број на вртежи (не е достапно во сите
верзии во зависност од земјата)
Со помош на регулаторот на бројот на вртежи (8) може
бесстепено да го подесите бројот на вртежи на
електричниот алат и за време на работењето.
Напомена: За материјалот којшто се обработува секогаш
изберете го соодветниот број на вртежи (погледнете ја
следната табела). Ова ќе спречи прекумерно загревање
на запците на сечилото за време на сечењето.
Степен на број на вртежи
1
2
3
4
5
6
Сечење без влечење (отсекување) (види слика P)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (6),
доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на
алатот до крај во правец на граничните водилки (2)
и (1) и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање (6).
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (2) и (1).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете го лостот за блокада (13) и рачката на
алатот водете ја полека надолу со дршката (12).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
1 609 92A 5UA | (06.10.2020)
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење (36)
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање (6), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (2) и (1).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го кракот на алатот од граничните
водилки (2) и (1), додека сечилото за пила не дојде
пред делот што се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете го лостот за блокада (13) и рачката на
алатот водете ја полека надолу со дршката (12).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки (2) и (1) и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика Q)
За едноставно сечење на исти делови можете да го
Материјал
користите граничникот за должина (56) (опрема).
Алуминиум
Граничникот за должина можете да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила (27).
Пластика
– Олабавете ја завртката за блокирање (57) и
преклопете го граничникот за должина (56) над
завртката за затегање (58).
Дрво
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (57).
– Поставете го продолжетокот на масата за пила (27) на
саканата должина.
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика R)
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Навалете го граничникот за длабочина (40) кон
напред.
– Притиснете на рачката за блокирање (13) и рачката на
алатот навалете ја посакуваната позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (39), додека
крајот на завртката не го допре граничникот за
длабочина (40).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Bosch Power Tools