Ви помогне с удоволствие при въпроси за нашите про-
дукти и техните аксесоари.
Моля, при въпроси и при поръчване на резервни части
винаги посочвайте 10-цифрения каталожен номер, изпи-
сан на табелката на уреда.
България
Robert Bosch SRL
Service scule electrice
Strada Horia Măcelariu Nr. 30–34, sector 1
013937 Bucureşti, România
Тел.: +359(0)700 13 667 (Български)
Факс: +40 212 331 313
Email: BoschServiceCenterBG@ro.bosch.com
www.bosch-pt.com/bg/bg/
Бракуване
Работните маси, допълнителните приспособления и опа-
ковките трябва да бъдат подложени на екологична прера-
ботка за усвояване на съдържащите се в тях суровини.
Македонски
Безбедносни напомени
Извлечете го приклучокот од ѕидната приклучница
u
и/или извадете ја батеријата од електричниот алат,
пред да ги смените поставките на уредот или да ги
замените деловите. Невнимателниот старт на
електричните алати може да предизвикаат несреќи.
Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го
u
монтирате електричниот алат. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризик од нејзино
распаѓање.
Пред да почнете да го користите, прицврстете го
u
електричниот алат на работната маса.
Поместувањето на електричниот алат на работната
маса може да доведе до губење на контролата.
Поставете ја работната маса на цврста, рамна и
u
хоризонтална површина. Доколку постои можност
работната маса да се помести или ниша, делот што се
обработува не може да се води рамномерно и
безбедно.
Не ја преоптоварувајте работната маса и не ја
u
користете како спроводник или скеле.
Преоптоварувањето или стоењето на работната маса
може да доведе до тоа, тежиштето на работната маса
да се помести нагоре и таа да се преврти.
Не го притискајте со сила работното парче во
u
сечилото за пила. Ако при употреба се врши
преголем притисок врз електричниот алат, работната
маса може да се преврти.
За време на работата внимавајте сите завртки и
u
сврзни елементи да се цврсто затегнати.
Bosch Power Tools
Олабавените врски може да доведат до нестабилност и
непрецизни резови.
Проверете дали долгите и тешки делови за
u
обработка нема да ја дебалансираат работната
маса. Долгите и тешки делови што се обработуваат
мора да се потпрат на слободниот крај или да се
прицврстат.
При склопување и расклопување на работната маса
u
не ги ставајте прстите во близина на точките на
свиткување. Може да ги заглавите прстите.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на Вашата работна маса. Запаметете ги ознаките и
нивното значење. Вистинската интерпретација на
ознаките Ви помага подобро и побезбедно да ја
користите работната маса.
Ознака
Значење
Максималната носивост (електричен алат
+ дел за обработка) на работната маса
изнесува 60 kg.
Опис на производот и
перформансите
Наменета употреба
Работната маса е наменета за следниве стационарни
пили од Bosch (издание 2019.01):
– GTS 635-216 (3 601 M42 0..)
Работната маса заедно со електричниот алат е наменета
за скратување на даски и профили.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказите на графичките страници на
почетокот на упатството.
(1) Граничник
(2) Спојка за затворање
(3) Основна рамка
(4) Ногарка на работна маса
(5) Ногарки што може да се подесуваат по висина
(6) Пеперутка-навртка
(7) Сет за прицврстување
(8) Рамка на куќиштето на електричниот алат
Македонски | 47
1 609 92A 4PC | (22.01.2019)