Ставање Во Употреба - Bosch GNF Professional 20 CA Notice Originale

Rainureuse fraiseuse
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-126-003.book Page 194 Friday, August 19, 2016 1:30 PM
194 | Македонски
Монтирање на дијамантската брусна плоча за
сечење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставање и менување на дијамантската брусна
плоча за сечење се препорачува носење на
заштитни ракавици.
 Дијамантската брусна плоча за сечење за време на
работата станува многу жешка, не ја допирајте пред
да се олади.
 Користите само дијамански брусни плочи за
сечење. Сегментните дијамантски плочи смеат да
покажуваат негативен агол на сечење и максимален
процеп од 10 мм помеѓу сегментите.
Подигање на единицата за глодање
За промена на алатот, единицата за глодање мора целосно
да биде подигната. Ставете го електричниот апарат на
цврста подлога. Свртете ја бравата за отклучување 2 на
пр. со крајот на клучот со два отвори 21 во правец
спротивен на стрелките од часовникот.
 Притоа, единицата за глодање ќе се отклучи и
веднаш се подига нагоре со помош на силата на
пружината.
Демонтирање на уредите за затегање (види слика A)
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 9, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Олабавете ја затезната навртка 20 со клучот со два отвори
21 и отшрафете ја затезната навртка 20. Извадете ги
дистанцерите 19 и приклучната прирабница 17.
Исчистете го вретеното за брусење 16 и сите делови што
треба да се монтираат.
Одредување на ширината на жлебот
Ширината на жлебот се одредува со бројот на
дистанцерите 19 помеѓу двете дијамантски брусни плочи
за сечење 18 и ширината на резот на дијамантските
брусни плочи за сечење.
Ширината на жлебот се одредува на следниот начин:
Ширина на жлебот = дебелина на дистанцерите + ширина
на дијамантските брусни плочи за сечење.
Дозволената ширина на жлебот може да ја видите во делот
„Технички податоци".
Може да го користите електричниот апарат со една или две
дијамантски брусни плочи за сечење.
Монтирање на уредите за затегање (види слика A)
Поставете ја приклучната прирабница 17 на вретеното за
брусење 16. Приклучната прирабница мора точно да лежи
на вретеното за брусење со својот прифат за вртење.
Поставете ја дијамантската брусна плоча за сечење 18 и
дистанцерите 19 на приклучната прирабница 17.
1 609 92A 2PP | (19.8.16)
 Независно од саканата ширина на жлебот мора
секогаш да ги монтирате сите испорачани
дистанцери 19. Дијамантската брусна плоча за сечење
18 може да се олабави уште за време на работата и да
предизвика повреди.
Број на потребни дистанцери:
GNF 20 CA: 5 парчиња, секое со 4 мм дебелина
GNF 35 CA: 3 парчиња, секое со 4 мм дебелина и 4
парчиња, секое со 6 мм дебелина
Помеѓу двете дијамантски брусни плочи за сечење 18
мора да се монтира најмалку еден дистанцер 19.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете
ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 9, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
Зашрафете ја затезната навртка 20 и затегнете ја со клуч
со два отвори 21.
Повторно затворете ја единицата за глодање. Проверете
дали е заклучена единицата за глодање со влечење на
рачката.
При работа со две дијамантски брусни плочи за сечење 18
секогаш разменувајте ги паралелно.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Употреба
Претходно бирање на длабочината на резот
 Подесувањето на длабочината на резот смее да се
врши само доколку електричниот апарат е
исклучен.
Со граничникот за длабочина 6 може претходно да ја
изберете длабочината на сечење.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за
длабочина 5 и притиснете го граничникот за длабочина 6
на саканата длабочина на сечење на скалата за
подесување на длабочината на сечење 4. Повторно
отпуштете го копчето 5.
Осигурете се дека граничникот за длабочина 6 правилно е
вклопен.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
 Пред употребата проверете дали единицата за
глодање е вклопена во најгорната позиција. Инаку
дијамантските брусни плочи за сечење може да дојдат
во контакт со делот што се обработува и може да ја
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gnf professional 35 ca06016217030601612503

Table des Matières