Совети При Работењето - Bosch GNF Professional 20 CA Notice Originale

Rainureuse fraiseuse
Table des Matières

Publicité

OBJ_BUCH-126-003.book Page 195 Friday, August 19, 2016 1:30 PM
загубите контролата над електричниот апарат при
вклучувањето.
За ставање во употреба на електричниот апарат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 10
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 10 притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 10 одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 10 наназад
надолу и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
 Пред употребата проверете ги дијамантските
брусни плочи за сечење. Дијамантските брусни
плочи за сечење мора да биде монтирани
беспрекорно и да може слободно да се вртат.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или дијамантски брусни
плочи за сечење што вибрираат. Оштетените
дијамантски брусни плочи за сечење може да пукнат и
да предизвикаат повреди.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот апарат и овозможува работа на 16-A-
осигурувач.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Заштита од преоптоварување
При преоптоварување моторот запира. Оставете го
електричниот апарат неоптоварен на највисок број на
вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.
Заштита од рестартирање (GNF 35 CA)
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување 10 ставете го во положба Исклучено и
одново вклучете го електричниот апарат.
Напомена: Редовно проверувајте ја функцијата на
заштитата од рестартирање, при што за време на работата
ќе го извлечете струјниот приклучок и потоа повторно ќе
го приклучите.
Совети при работењето
 Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика".
Bosch Power Tools
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Електричниот апарат смее да се користи само за
сечење на суви материјали.
Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и
маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за
сечење.
– Подесете ја длабочината на сечење, видете го делот
„Претходно бирање на длабочината на резот". За да се
поправат грешките, коишто настануваат при кршење на
сегментите, длабочината на сечење мора претходно да
се избере за 3 мм подлабоко од саканата длабочина на
жлебот.
– Поставете го електричниот апарат со лизгачките
валјаци 7 на површината којашто треба да се обработи.
Единицата за вдлабнување мора да биде подигната во
најгорната позиција.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го копчето за отклучување 3 нагоре, за да ја
отклучите единицата за глодање. Полека вдлабнете со
единицата за глодање во материјалот.
– Водете го електричниот апарат со двете дршки и со
умерен притисок по материјалот што се обработува.
– Електричниот апарат секогаш мора да се води во
спротивен правец на движење. Инаку постои опасност,
тој неконтролирано да се истисне од резот. Водете го
електричниот апарат во правец на стрелката 8.
– Електричниот апарат може и да го туркате и да го
влечете во правец на сечењето. Вертикалните процепи
може лесно да се добијат со повлекување од горе
надолу.
– По завршување на работниот процес подигнете ја
единицата за глодање од жлебот, за време на работата,
додека единицата за глодање не се вклопи во најгорна
позиција.
– Исклучете го електричниот апарат.
Не ги кочете дијамантските брусни плочи за сечење со
страничен притисок.
 Дијамантската брусна плоча за сечење за време на
работата станува многу жешка, не ја допирајте пред
да се олади.
Отстранете ги останатите сегменти во материјалот со
алатот за отстранување на сегменти 22.
Македонски | 195
22
1 609 92A 2PP | (19.8.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gnf professional 35 ca06016217030601612503

Table des Matières