Правта, на пр.минералната прав може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Материјалите што содржат азбест смеат да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Механички избор на брзини (GRW 18-2 E)
Прекинувачот за избор на брзини активирајте го
u
само доколку електричниот алат е во состојба на
мирување.
Притиснете го прекинувачот за избор на брзина (1)
навнатре и турнете го додека не се вклопи.
Со прекинувачот за избор на брзини (1) може да
изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок обем на број на вртежи; за работење
со дијаметар на корпата за мешање до
180 mm.
Брзина II:
Висок обем на број на вртежи; за работење
со дијаметар на корпата за мешање
140 mm.
Доколку прекинувачот за менување брзини (1) не може
да се притисне до крај кога е во состојба на мирување,
свртете го малку погонското вратило со корпата за
мешање.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(2) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (2).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
Bosch Power Tools
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (2).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (2) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Работни инструкции за мешање
Не го користете електричниот уред на потпирач.
u
Електричниот уред не е дозволен за стационарно
работење.
Избегнувајте да ја распрскувате смесата. Инаку
u
може да се лизнете и да ја изгубите контролата над
електричниот апарат.
Избегнувајте континуирана работа на електричниот
u
алат со намален број на вртежи. Инаку може да се
прегрее моторот на електричниот апарат.
Изборот на корпа за мешање зависи од смесата.
За смесите со ниска вискозност, како на пр. дисперзивни
бои, лакови, лепила, лиени маси, цементни каши,
користете корпа за мешање со лева спирала. Во корпата
за мешање со лева спирала, материјалот се меша од горе
надолу. Корпата за мешање се притиска нагоре. Смесата
со ниска вискозност се меша со малку прскање.
За смеси со висока вискозност како на пр. гипс за
завршни работи, бетон, цемент, естрих, шпахтел маса,
епоксидна смола користете корпа за мешање со десна
спирала. Во корпата за мешање со десна спирала,
материјалот се меша од долу нагоре. Корпата за мешање
се врти во смесата. Смесата со висока вискозност
оптимално се промешува.
За време на работата движете го електричниот алат горе-
долу. По употребата, исчистете ја корпата за мешање.
Складирајте го електричниот алат на безбедно
u
место. Наместете го така да не може да паѓа. Инаку
електричниот алат може да се оштети.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
Македонски | 117
1 609 92A 5TA | (19.05.2020)