OBJ_BUCH-3155-002.book Page 262 Wednesday, February 28, 2018 10:04 AM
262 | Македонски
Вметнување/вадење на батеријата
(види слики D+K)
Предупредување: Ако користите несоодветни батерии,
можат да доведат до погрешно функционирање и
оштетување на уредот.
Ставете ја наполнетата батерија 17 во телескопската
рачка. Осигурајте се дека батеријата е во потполност
наполнета.
За да ја извадите батеријата 17 од уредот, притиснете го
копчето за прицврстивање на батеријата 18 и притиснете
ја батеријата во правец на ланецот.
Полнење на батеријата
Не употребувајте друг полнач. Приложениот полнач е
наменет за литиум-јонската батерија што се наоѓа во
оваа косачка.
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0 °C до 45 °C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија има «Electronic Cell Protection
(ECP)» против потполно празнење. Кога батеријата е
скоро празна машината престанува да работи со цел да се
заштити од оштетување: Машината повеќе не работи.
Не притискајте го копчето за
ВНИМАНИЕ
вклучување откако косачката
автоматски престанала да работи. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Процес на полнење
Процесот на полнење започнува, штом ќе го вклучите
струјниот приклучок на полначот во ѕидната дозна и ќе ја
ставите батеријата во отворот за батерија .
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се
препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе
биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од
температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
F 016 L81 582 | (28.2.18)
Значење на елементите на приказот
(AL 1830 CV)
Брз трепкав зелен приказ за полнење на
батеријата
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со брзо трепкање на зелениот приказ за
полнење на акумулаторот .
Напомена: Процесот на брзо полнење е возможен, само
доколку температурата на батеријата е во дозволените
граници на температура за полнење, види го делот
«Технички податоци».
Бавен трепкав зелен приказ за полнење на
батеријата
При наполнетост на батеријата од 80 %
бавно трепка зелениот приказ за полнење
на батеријата .
Батеријата може да се извади за користење.
Траен зелен приказ за полнење на батеријата
Трајното светло на зелениот приказ на
батеријата сигнализира, дека батеријата е
целосно наполнета.
Откако ќе ја извадите батеријата трајното светло на
приказот за полнење на батеријата , сигнализира дека
струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната дозна
и полначот е подготвен за работа.
Траен црвен приказ за полнење на батеријата
Трајното светло на црвениот приказ за
полнење на батеријата сигнализира, дека
температурата на батеријата е надвор од дозволените
граници на температура за полнење, види го делот
«Технички податоци». Веднаш штом се постигнат
дозволените граници на температура, полначот се
префрла автоматски на брзо полнење.
Трепкав црвен приказ за полнење на
батеријата
Трепкавиот црвен приказ за полнење на
батеријата сигнализира пречка при
процесот на полнење, види дел «Дефект – Причини и
помош».
Значење на елементите на приказот
(AL 1815 CV)
Трепкаво светло на приказот за наполнетост на
батеријата
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со трепкање на приказот за полнење на
батеријата.
Bosch Power Tools