• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или заптивачите на
вратата се оштетени, апаратот не смее да работи
додека не биде поправен од квалификувано лице.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не загревајте течности и друга
храна во затворени садови. Тие можат да
експлодираат.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој треба да
биде заменет од страна на производителот, негов
овластен сервисен центар или слично квалификувани
лица за да се избегне електрична опасност.
• Пред секое одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
• Секогаш ставајте заштитни ракавици за вадење или
ставање додатоци или садови за во рерна.
• Не управувајте со апаратот преку надворешен тајмер
или посебен далечински систем.
• Метални садови за храна и пијалаци не се дозволени за
време на готвење со микробранови.
• Користете само кујнски прибор што е погоден за
употреба во микробранови рерни.
• Кога подгревате храна во пластични или хартиени
садови, внимавајте на апаратот поради можноста од
нивно палење.
• Апаратот е наменет за подгревање храна и пијалоци.
Сушењето храна или облека и подгревањето на
перничиња за греење, влечки, сунѓери, влажни крпи и
слично може да доведе до ризик од повреда, палење
или пожар.
• Ако се појави чад, деактивирајте го или исклучете го
апаратот и држете ја вратата затворена за да го
задушите пламенот.
• Подгревањето пијалоци во микробранова може да
резултира во одложено еруптивно варење. Мора да се
внимава при фаќањето на садот.
• Содржината на шишињата за хранење и тегличките со
храна за бебиња мора да се промеша или протресе, и
МАКЕДОНСКИ
237