Télécharger Imprimer la page

Bosch UniversalImpactDrive 18V-350 Notice Originale page 137

Publicité

LED-светилка на акумулаторската
батерија
Трајно светло 4 × зелено
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Трепкачко светло 1 × зелено
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Промена на алат (види слика A)
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
Поставете го алатот за вметнување (10) на
четириаголниот прифат за алат (1).
Употреба
Електричниот алат ставете го на навртката/
u
завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите
што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да
се превртат.
Функционалност
Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат
во погон со електромотор со помош на погон и ударен
механизам.
Работната постапка се дели во две фази:
Завртување и Затегнување (ударен механизам во
акција).
Ударниот механизам се активира, штом се затегне спојот
на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа
ударниот механизам ја претвора силата на моторот во
еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови
и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Bosch Power Tools
Подесување на правецот на вртење (види
Ниво на
наполнетост на
слика C)
батеријата
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (2)
≈ 75–100 %
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
≈ 50–75 %
вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е
≈ 25–50 %
возможно.
≈ 5–25 %
Вртење во десно: За навртување на завртки и
≈ 0–5 %
прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот
за менување на правец на вртење (2) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на
завртки и навртки притиснете го прекинувачот за
менување на правецот на вртење (2) на десно до крај.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен
алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од
тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување (7).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (7) се постигнуваат мал број на вртежи/
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на вртежи/удари.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(7) и држете го притиснат.
Работното светло (8) свети при малку или целосно
притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (7) и
овозможува осветлување на работното поле при услови
на слаба осветленост.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Кориснички интерфејс (види слика B)
Корисничкиот интерфејс служи за (5) за подесување на
бројот на вртежи.
Одредување на број на вртежи
Со копчето за режим (12) може претходно да го изберете
потребниот број на вртежи во 3 степени. Притискајте го
копчето , додека саканата поставка не почне да се
сигнализира на приказот за број на вртежи (11).
Избраната поставка е зачувана.
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
Податоците во приложената табела се препорачани
вредности.
Македонски | 137
1 609 92A 9MR | (13.08.2024)

Publicité

loading