Замрзнување максимална
количина храна
• За да го подобрите циркулирањето на
воздухот, вметнете ги сите фиоки.
• Ако треба да се складираат поголеми
количества храна, тогаш сите фиоки на
замрзнувачот треба да се извадат и
храната да се стави директно на полицата
(или полиците) на замрзнувачот во
преградата на замрзнувачот.
НАПОМЕНА
• За да ги отстраните фиоките, прво
отстранете ја храната од нив и потоа
извлечете ги внимателно. Ако не го
направите тоа, може да се повредите или
да ги оштетите фиоките.
• Формата на секоја фиока може да е
различна, затоа вметнете ги во
соодветната положба.
Поставување температура
Ја поставува температурата на
фрижидерот или замрзнувачот.
• Притиснете го копчето Fridge или Freezer
за да ја регулирате температурата.
• Температурата може да се подесува.
− Фрижидер: oд 1 °C дo 7 °C
− Замрзнувач: oд -15 °C дo -23 °C
• Почетната температура е подесена.
− Фрижидер: 3 °C
− Замрзнувач: -18 °C
Реалната внатрешна температура варира
во зависност од статусот на храната,
бидејќи наведеното подесување за
температура е целната температура,
а не реалната температура во апаратот.
НАПОМЕНА
• Фабричкото подесување на температурата
може да се разликува зависно од уредот.
• За оптимално чување на храната, се
препорачува зголемување или намалување
на стандардната температура за секоја
преграда за 1 °C или едно ниво.
• Почекајте 2 до 3 часа по приклучувањето
на апаратот во струја пред да ставите
храна во него.
• За да правите мраз во нормална клима,
температурата на замрзнувачот треба
да се постави на -18 °C или поладно.
13
Аларм за висока температура
Кога температурата на замрзнувачот е
превисока поради дефект, LED светилката
на замрзнувачот ќе почне да трепка и ќе се
огласи алармот.
• Притиснете го копчето Freezer за да се
исклучи.
• Доколку температурата е доволно ниска,
трепкањето и алармот автоматски ќе се
исклучат.
• Функцијата се вклучува во случај кога:
− Фрижидерот е вклучен.
− Кога температурата во преградата на
замрзнувачот ќе се зголеми значително.
− Во случај на прекин на снабдувањето со
електрична енергија кое трае подолго.
− Во случај на ставање на поголемо
количество топла храна во замрзнувачот.
− Во случај вратата на замрзнувачот да
стои отворена подолго или се отвора
многу често.
Преграда за свежи
продукти ( * )
Во преградата за ладење, температурата во
преградата за свежи производи може да се
контролира со помош на рачката
наоѓа напред во преградата, со нејзино
поместување во две насоки.
Не чувајте зеленчук и овошје со режимот
Fish или Meat во преградата за ладење,
бидејќи може да се замрзнат поради ниската
температура.
MK
која се
1