Télécharger Imprimer la page

Huawei DBR-W09 Guide De Démarrage Rapide page 163

Publicité

Намалување на опасни супстанции
Уредот и неговите електронски додатоци се во согласност со
применливите локални правила за ограничување на
употребата на одредени штетни супстанции во електрична и
електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и
директивите RoHS и Батерии (каде што се вклучени) и др. За
изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја нашата
веб-локација https://consumer.huawei.com/certification.
Информации за изложеност на радиофреквенции
Овој уред е во согласност со применливите национални и
меѓународни стандарди за изложеност на радиобранови.
„SAR" е скратеница за „Специфична стапка на апсорпција". Тоа
е мерка за стапка што ја претставува изложеноста на
корисникот на радиобранови од соодветната радиоопрема.
Држете го уредот подалеку од телото за да го исполните
барањето за оддалеченост.
Светската здравствена организација објави дека изложеноста
може да се намали преку ограничување на вашето користење
или едноставно со користење на комплет за користење на
уредот без раце.
Внимавајте дополнителната опрема на уредот, како што се
кутијата и футролата, да не е направена од метални делови.
Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на тело: 0,70 W/kg,
ограничување од 2,0 W/kg на 10 g, на растојание од 0,50 cm.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Изјава
Со овој документ, Huawei Device Co., Ltd. изјавува дека овој
уред DBR-W09 е во согласност со следниве Директиви: RED
2014/53/ЕУ, RoHS 2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ.
Целиот текст на Декларацијата за усогласеност за ЕУ,
деталните информации за ErP и најновите информации за
додатоци и софтвер се достапни на следнава интернет-адреса:
https://consumer.huawei.com/certification.
Овој уред може да се користи во сите земји-членки на ЕУ.
160

Publicité

loading