180 | Македонски
потребно, копирната чаура и лизгачката плоча мора да се
центрираат една кон друга.
– Насочете ја лизгачката плоча така што глодалката и
копирната чаура ќе бидат центрирани кон лизгачката
плоча (види слика F3).
– Држете ја лизгачката плоча во оваа позиција и
прицврстете ги завртките за прицврстување.
За глодање со копирната чаура (22) постапете на
следниот начин:
– Поставете го електричниот алат со копирната
чаура (22) на шаблоните.
– Водете го електричниот алат со копирната чаура што
стрчи, со страничен притисок по должината на
шаблонот.
Обликување и глодање на рабови (види слика G)
При обликување и глодање на рабови без паралелен
граничник, глодалката мора да биде опремена со чивии-
водилки или куглично лежиште.
Водете го вклучениот електричен алат странично на
делот што се обработува, додека чивиите-водилки или
кугличното лежиште на глодалката не налегне на работ од
делот што се обработува.
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка. Притоа внимавајте на точниот агол при
потпирањето. Преголемиот притисок може да го оштети
работ на делот што се обработува.
Глодање со паралелен граничник (види слика H)
За сечење паралелно по рабови може да монтирате
паралелен граничник (23).
Прицврстете го паралелниот граничник (23) на корпата
за глодалка (2) со назабена завртка (4).
Со пеперутка-завртката на паралелниот граничник (24)
поставете ја саканата длабочина на граничникот.
Водете го вклучениот електричен алат со рамномерно
движење и страничен притисок на паралелниот
граничник по должината на работ од делот што се
обработува.
Глодање со помагало при водење (види слика I)
Помагалото при водење (25) служи за глодање на рабови
со глодалка без чивии-водилки или кугличесто лежиште.
Прицврстете го помагалото при водење на корпата за
глодалка (2) со навртка (4).
Водете го електричниот алат по работ на делот за
обработка со еднаков притисок.
Странично растојание: За да ја промените количината
на отстранет материјал, можете да го подесите
страничното растојание помеѓу делот за обработка и
лизгачкиот валјак (28) на помагалото при водење (25).
Олабавете ја пеперутка-завртката (26), поставете го
страничното растојание со вртење на пеперутка-
завртката (27) и повторно затегнете ја пеперутка-
завртката (26).
1 609 92A 9DR | (06.05.2024)
Висина: Во зависност од употребената глодалка и
дебелината на делот што се обработува подесете го
вертикалното израмнување на помагалото при водење.
Олабавете ја навртката (4) на помагалото при водење,
притиснете го истото во саканата позиција и повторно
затегнете ја завртката.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
Bosch Power Tools