Télécharger Imprimer la page

Bosch GLF 18V-8 Professional Notice Originale page 178

Masquer les pouces Voir aussi pour GLF 18V-8 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
178 | Македонски
Менување на затезна клешта (види слика B)
Во зависност од употребената глодалка, мора да ја
замените затезната клешта со навртка за осигурување,
пред вметнувањето на глодалката (6).
Ако е веќе монтирана правилната затезна клешта за
вашата глодалка, следете ги чекорите за работа во
следниот дел.
Затезната клешта мора да биде поставена со мал простор
за маневрација во навртката за осигурување. Затезната
клешта со навртката за осигурување (6) мора да биде
лесна за монтирање. Ако навртката за осигурување или
затезната клешта се оштетени, заменете ги веднаш.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното (8) и
држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го
рачно вретеното на моторот, додека не се фиксира.
Одвртете ја навртката за осигурување во правец
спротивен на стрелките од часовникот (6) со
вилушкастиот клуч (21).
Отпуштете го копчето за блокада на вретеното.
Напомена: алтернативна можност за менување на
затезната клешта (без притискање на механизмот за
фиксирање на вретеното (8)): поставете два вилушкасти
клучеви со помош на диедрон на вратилото, за да ја
олабавите или затегнете навртката за осигурување (6).
Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги
сите монтажни делови со мека четка или со издувување
со помош на компресиран воздух.
Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за
алат (20).
Лабаво затегнете ја навртката за осигурување.
Во никој случај не ја затегајте затегнувачката чаура
u
со навртка за осигурување, доколку не е монтирана
глодалка. Инаку, затегнувачката чаура може да се
оштети.
Вметнување на глодалка (види слики C1– C2)
Според примената, глодалките се расположливи во
најразлични изведби и квалитет.
Глодалките од висококвалитетен челик за брзо
сечење (HSS) се погодни за обработка на меки
материјали како на пр. меко дрво и пластика.
Глодалките за сечење на цврст метал (HM) се
специјално наменети за цврсти и абразивни материјали
како на пр. цврсто дрво и алуминиум.
Оригиналните глодалки од обемната програма на опрема
од Bosch ќе ги најдете во специјализираните продавници.
Употребувајте само беспрекорни и чисти глодалки.
Монтирање на корпата на глодалката (види слика A)
За процесот на глодање мора да ја монтирате корпата на
глодалката (2) повторно на погонската единица (1).
Отворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата на
глодалката (2).
Ставете ја погонската единица (1) во корпата за
глодање (2).
Затворете ја пеперутка-завртката (12) на корпата за
глодање (2).
1 609 92A 9DR | (06.05.2024)
Напомена: пеперутка-завртката (12) и завртката со
нарецкана глава (3) може да се заменуваат едни со
други.
По монтажата секогаш проверете, дали погонската
u
единица лежи цврсто во корпата на глодалката.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Монтирање на адаптерот за всисување
Заради обезбедување на оптимално всисување,
адаптерот за всисување (29) мора редовно да се чисти.
Приклучување на всисувач за прав (види слика D)
Вметнете го адаптерот за всисувачот за прав (11) од
напред во електричниот алат. Ќе слушнете кога ќе се
вклопи. За да го извадите, фатете го адаптерот (11)
странично и извлечете го нанапред.
Вметнете црево за всисување (Ø 35 mm) (30) (опрема)
или адаптер за всисување (29) (опрема). Поврзете го
цревото за всисување (30) со всисувач за прав (опрема).
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Подесување на длабочината за глодање
Подесувањето на длабочината на глодање смее да
u
се врши само доколку електричниот алат е
исклучен.
– Електричниот алат со монтирана глодалка поставете го
на делот што се обработува.
Bosch Power Tools

Publicité

loading