Télécharger Imprimer la page

Bosch GWS 12-125 CIPX Professional Notice Originale page 268

Masquer les pouces Voir aussi pour GWS 12-125 CIPX Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 29
268 | Македонски
Целосно одвртете ги 4-те завртки. Внимателно навалете
ја погонската глава и без да ја извадите од куќиштето
ставете ја во новата позиција. Повторно навртете ги 4-те
завртки.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Вклучување/исклучување
(GWS 13-125 CIX / GWS 13-125 CIEX /
GWS 17-125 CIX / GWS 17-125 CIEX)
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (3)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (3) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (3) нанапред надолу додека не
се вклопи.
1 609 92A 7W6 | (31.05.2022)
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) наназад
надолу и потоа ослободете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Вклучување/исклучување
(GWS 12-125 CIPX / GWS 12-125 CIEPX /
GWS 15-125 CIPX / GWS 15-125 CIEPX)
За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво
притиснете ја наназад рачката за ослободување (5) и
потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/
исклучување (3).
За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Електричниот апарат располага со Bosch
Brake System, патентирана
електромеханичка сопирачка за исфрлање
од брзина. При исклучување или при прекин
на доводот на струја, алатот за брусење ќе
запре за неколку секунди. Ова значи скратување на
времето на исфрлање од брзина во однос на аголните
брусилки без сопирачка за исфрлање од брзина од околу
70 % и овозможува побрзо оставање на електричниот
апарат.
Напомена: За да го спречите невнимателното
стартување на електричниот алат, електричниот алат е
опремен со специјално брусно вретено со фин навој
(M14x1,5). При монтажа на елекричните алати користете
исклучиво оригинални Bosch затезни навртки со фин
навој. Останатите затезни средства или алати за
Bosch Power Tools

Publicité

loading