дали е оштетена или инсталирајте неоштетена
дополнителна опрема. По проверката и
инсталирањето на дополнителната опрема, вие и
луѓето во близина поместете се подалеку од
површината на ротирачката опрема, и вклучете го
електричниот алат на максимална брзина без
оптоварување една минута. Оштетената
дополнителна опрема вообичаено се расипува во
текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од
u
примената, користете штитник за лице,
безбедносни или заштитни очила. Како што е
соодветно, носете маска за заштита од прашина,
штитници за уши, ракавици и работничка
престилка, којашто ги запира малите абразивни
парчиња или парчиња од делот што го
обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи
спречување на остатоци што се распрскуваат при
работењето. Маската против прав или респираторот
мора да ги филтрира честичките што се генерираат
при работењето. Долготрајна изложеност на
интензивна бучава може да доведе до губење на
слухот.
Луѓето во ваша близина треба да бидат оддалечени
u
од работниот простор. Секој што влегува во
работниот простор мора да носи лична заштитна
опрема. Парчиња од делот што го обработувате или
расипана дополнителна опрема може да експлодира и
распрска и да предизвика повреда надвор од
непосредната работна површина.
Држете го електричниот алат за изолираната
u
површина додека сечете за да не дојде во контакт
со скриена жица или со неговиот кабел. Ако
опремата за сечење дојде во допир со „жица под
напон", може да ги изложи металните делови на
електричниот алат „под напон" и операторот може да
добие струен удар.
Тргнете го настрана кабелот од ротирачка
u
дополнителна опрема. Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или закачи и вашата
дланка или рака може да влезе во ротирачката
дополнителна опрема.
Не го оставајте електричниот алат долу додека
u
дополнителната опрема не запре целосно.
Ротирачката опрема може да ја зафати површината и
да го повлече електричниот алат надвор од ваша
контрола.
Не го вклучувајте електричниот алат додека го
u
држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка
дополнителна опрема може да ја закачи вашата
облека, со повлекување на дополнителната опрема
кон вашето тело.
Редовно чистете ги воздушните вентили на
u
електричниот алат. Вентилаторот на моторот
повлекува прав во куќиштето, а претераната
акумулација на метален прав може да предизвика
опасност од електричен удар.
Bosch Power Tools
Не работете со електричниот алат во близина на
u
запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат
овие материјали.
Не користете дополнителна опрема за која се
u
потребни течни разладувачи. Користењето вода или
други течни разладувачи може да доведе до смрт или
струен удар.
Одбивање и поврзани предупредувања
Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или
закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга
дополнителна опрема. Приклештувањето или
закачувањето предизвикува брзо маневрирање на
ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна,
предизвикува присилно насочување на
неконтролираниот електричен алат во спротивен правец
од ротирањето на опремата во точката на навалување.
На пример, ако абразивен диск е закачен или
приклештен од делот што го обработувате, острицата на
дискот која влегува во приклештената точка може да се
зарие во површината на материјалот и дискот да се
помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие
од операторот, во зависност од насоката на движење на
дискот во точката на приклештување. Абразивните
дискови, исто така, може да се искршат под овие услови.
Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или
несоодветни оперативни постапки или услови и може да
се избегне со преземање на соодветните превентивни
мерки приложени подолу.
Цврсто држење на електричниот алат и
u
позиционирање на вашето тело и рака за да се
овозможи отпор на силите на одбивање. Секогаш
користете помошна рачка, доколку има, за
максимална контрола на одбивањето или силата на
вртење при вклучување. Операторот може да ги
контролира реакциите на силата на вртење или силите
на одбивање, доколку се преземаат соодветни
превентивни мерки.
Не ја ставајте раката во близина на ротирачката
u
дополнителна опрема. Дополнителната опрема може
да се одбие преку вашата рака.
Не го позиционирајте вашето тело во областа каде
u
електричниот алат се движи, доколку настане
одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во
спротивен правец од движењето на дискот во точката
на закачување.
Обрнете посебно внимание при изработка на агли,
u
остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и
закачување на дополнителната опрема. Аглите,
острите ивици или отскокнувањето може да доведат до
закачување на дополнителната опрема и да
предизвикаат губење на контрола или одбивање.
Не поврзувајте пила со ланец, сечило за резбање
u
на дрво или пила со запци. Овие сечила
предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
Македонски | 261
1 609 92A 7W6 | (31.05.2022)