350 | Македонски
За отстранување, повлечете ја рачката (11) додека не се
ослободи тркалото и извадете го тркалото (6) во
спротивна насока.
Вклучување
Предупредување: Пред да го прилагодувате или
u
чистите уредот, исклучете го и извадете му ја
батеријата.
Полнење на батеријата
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој
дозволува полнење само на температури од 0 °C до 45 °C
степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку
батеријата е празна, електричниот апарат се исклучува со
заштитен прекинувач: Машината повеќе не работи.
По автоматското исклучување на уредот, не
притискајте на прекинувачот за вклучување/
исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Редење/вадење на батеријата (види слика G)
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да
доведе до погрешно функционирање или до оштетување
на уредот.
Повторно ставете ја батеријата (2) . Проверете дали
батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата (2) од уредот, притиснете го
копчето за вадење на батеријата (1) и извадете ја
батеријата.
Полнење
Полнењето започнува кога полначот е приклучен во
утикач и батеријата (2) е вметната во полначот (12).
Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски
се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и
ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во
зависност од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
F 016 L81 803 | (28.02.2019)
Значење на елементите за приказ
(AL 1815 CV)
Трепкаво светло на приказот за наполнетост на
батеријата
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со трепкање на приказот за полнење на
батеријата .
Постојано светење на индикаторот за наполнетост на
батеријата
Трајно светло на приказот за наполнетост
Full
на батеријата сигнализира дека батеријата е
целосно наполнета или дека температурата на батеријата
е надвор од дозволените граници на температура за
полнење и затоа не може да се наполни. Штом се
постигне дозволената граница на температура,
батеријата ќе се полни.
Откако ќе ја извадите батеријата трајното светло на
приказот за полнење на батеријата , сигнализира дека
струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната
дозна и полначот е подготвен за работа.
Значење на елементите за приказ
(AL 1830 CV/AL 1880 CV)
Трепка (брзо) зелениот индикатор за наполнетост
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со брзо трепкање на зелениот приказ за
полнење на акумулаторот .
Напомена: Брзото полнење е можно само ако
температурата на батеријата е во границите на
дозволената температура, види го делот „Технички
податоци".
Трепка (полека) зелениот индикатор за наполнетост
При наполнетост на батеријата од околу
80%, зеленото светло трепка полека .
Батеријата може да се извади и веднаш да се користи.
Траен зелен приказ за полнење на батеријата
Трајното светло на зелениот приказ на
Full
батеријата сигнализира, дека батеријата е
целосно наполнета.
Без вметната батерија трајното светло на приказот за
полнење на батеријата сигнализира дека струјниот
приклучок е приклучен на ѕидната дозна и полначот е
подготвен за работа.
Постојано црвено светло на индикаторот за
наполнетост
Трајното светло на црвениот приказ за
полнење на батеријата сигнализира дека
температурата е надвор од дозволените граници на
полнење, видете во делот „Технички податоци". Веднаш
штом се постигнат дозволените граници на температура,
полначот се префрла автоматски на брзо полнење.
Трепка индикаторот за наполнетост на батеријата
Трепкање на црвениот индикатор за
наполнетост на батеријата сигнализира
Bosch Power Tools