3. Може да ја измените поставената
температура и поставеното време за
печење како што е опишано во
претходните делови. Потоа може да
започнете со печење.
ð Во режимот „Еко загревање со
вантилатор", светилката свети
пократко од другата функција за
печење поради заштеда на енергија
додека се пече.
Функција за леб
Вашата рерна има „Функција за леб"
посебно дефинирана за правење леб.
Поставките за температура и време на
функцијата се неменливи.
Состојки
• 500 гр. брашно
• 15 гр. шеќер
• 10 гр. инстант квасец
• 10 гр. сончогледово масло
• 8 гр. сол
• 300 мл вода (35°C)
За горниот дел на тестото
• 2 супени лажици сончогледово масло
Подготовка
1. Просејте го брашното во длабок сад.
Додајте шеќер во брашното и
хомогено измешајте го.
2. Направете дупка во средината на
брашното, додајте го квасецот, солта
и сончогледовото масло. Се истура
топла вода постепено, почнувајќи од
страните на садот.
3. Месете го тестото рачно или во
машина за месење тесто околу 10- 15
минути.
4. Свртете го измесеното тесто неколку
пати со рака и ставете го во сад.
Нанесете 1 лажичка сончогледово
масло на тестото и покријте го со
проѕирна фолија, така што ќе го
допре тестото.
5. Откако ќе го покриете тестото со
проѕирна фолија, покријте го со
дебела крпа и оставете да
ферментира на собна температура.
6. Земете го тестото ферментирано 60
минути, ставете го на маса и
преклопете го 4- 5 пати за да се
отстрани воздухот внатре. Нанесете 1
лажичка сончогледово масло на
тестото и покријте го со проѕирна
фолија, така што ќе го допре тестото.
Оставете го тестото да нарасне уште
30 минути на собна температура.
7. Ставете го плехот на третата полица
во рерната.
8. Вклучете ја рерната со допирање на
тастерот
9. Активирајте го долниот ред на
функции на работење со допирање
на „Активирање на дополнителна
функција" на екранот за функции.
10.Допрете „Функција за леб" на екранот
за функции.
11.Започнете со печење со допирање на
тастерот
12.На крај на времето за печење, се
дава звучно предупредување една
минута. Ако го допрете тастерот
рерната ќе се исклучи. Доколку се
допре некој тастер освен овие,
звучното предупредување ќе
престане.
MK / 26
.
.
MK
FR
,