Télécharger Imprimer la page

Bosch GCM 254 Professional Notice Originale page 265

Masquer les pouces Voir aussi pour GCM 254 Professional:

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 34
Пила за отсекување и
сечење под агол
Класа на заштита
Дозволени димензии на делот што се обработува (максимални/
минимални): (види „Дозволени димензии на делот што се
обработува", Страница 269)
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Апаратот ги исполнува барањата на IEC 61000-3-11 и е
предмет на условно поврзување. Апаратот може да
предизвика повремени флуктуации на напонот во
неповолни услови за напојување. Импедансата на овој
апарат е означена со Z
 = 0,101 Ω. Корисникот мора да
actual
се осигура дека точката за поврзување, со импедансата
Z
, на која треба да се вклучи апаратот, го исполнува
max
условот за импеданса: Z
 ≥ Z
actual
одредете ја Z
во консултација со мрежниот снабдувач
max
или органот за снабдување.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и
зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе
информации може да најдете на
www.bosch-professional.com/wac.
Димензии за соодветни сечила за пила
Дијаметар на сечилото за
пила
Дебелина на сечилото на
пила
Макс. ширина на резот
Дијаметар на отворот
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN IEC 62841-3-9.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А
типично изнесува: ниво на звучен притисок 97 dB(A);
ниво на звучна јачина 109 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Bosch Power Tools
GCM 254
 / II
. Ако Z
е непозната,
max
max
mm
254
mm
1,4–2,5
mm
3
mm
30
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
За тоа внимавајте на приказот на обемот на
испорака на почетокот на упатството за
употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за отсекување и сечење под агол со монтирано
сечило за пила
Напомена: Bosch продава електрични алати и без
сечило за пила. Дали сечилото за пила е содржано во
обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
– Само при испорака без сечилото за пила: стезна
прирабница (38) и внатрешна стезна прирабница (40)
– Столарска стега (15)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (28)
– Граничник за должина (35)
– Кеса за прав (1)
– Основа на делот за обработка (9) (2x)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
u
електричниот алат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A1−A2)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите (23).
или
Македонски | 265
1 609 92A 8KE | (09.05.2023)

Publicité

loading