Télécharger Imprimer la page

Makita CF100DZ Manuel D'instructions page 144

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
Овој вентилатор е опремен со контрола со 3-брзини со користење на копче за брзини. Напојувањето
со електрична енергија може да се врши со адаптер за електрично напојување или батерија
(ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР).
КОРИСТЕЊЕ АДАПТЕР ЗА ЕЛЕКТРИЧНО НАПОЈУВАЊЕ
Ставете го приклучокот за еднонасочна струја од 12 V од адаптерот за електрично напојување во приклучокот
за еднонасочна струја од 12 V (Сл. 2), па вклучете ги игличките за електрично напојување во електрична
приклучница. Осигурете се дека номиналниот напон на електричната приклучница одговара со оној на
адаптерот.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
Откако адаптерот за електрично напојување ќе се поврзе, на безжичниот вентилатор може да му се потребни
3–5 секунди за да започне со работа.
Адаптерот може да крцка додека се користи за електрично напојување. Тоа не влијае на вообичаената
употреба.
Доставениот адаптер за електрично напојување не ја полни батеријата ставена во безжичниот вентилатор.
КОРИСТЕЊЕ БАТЕРИЈА
ЗА ДА СЕ ОСИГУРА МАКСИМАЛНА ИЗВЕДБА НА БАТЕРИЈАТА, СЕ ПРЕПОРАЧУВА БАТЕРИЈАТА ДА СЕ
НАПОЛНИ ПРЕД ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПРВ ПАТ.
1. Пред користењето на батеријата, прочитајте ги сите упатства и ознаки за предупредување на (1) полначот
за батерии, (2) батеријата и (3) производот што ја користи батеријата.
2. Не расклопувајте ја батеријата.
3. Доколку времето на работа стане прекратко, веднаш престанете со работа. Тоа може да доведе до ризик
од прегревање, можни изгореници, па дури и до експлозија.
4. Доколку електролит ви навлезе во очите, исплакнете ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска
помош. Тоа може да доведе до губење на вашиот вид.
5. Не предизвикувајте краток спој на батеријата:
(1) Не допирајте ги половите со материјал кој е проводник.
(2) Избегнувајте чување на батеријата во сад со други метални предмети како што се шајки, парички и
слично.
(3) Не изложувајте ја батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да предизвика голем проток на електрична енергија, прекумерно
загревање, можни изгореници, па дури и распаѓање на истата.
6. Не складирајте ги алатот и батеријата на места каде што температурата може да достигне или надмине
50°C.
7. Не палете ја батеријата дури и ако е сериозно оштетена или потполно истрошена. Батеријата може да
експлодира во оган.
8. Внимавајте да не ја испуштите или удрите батеријата.
9. Не користете оштетена батерија.
10. Никогаш не полнете целосно наполнета батерија. Прекумерното полнење го скратува работниот век на
батеријата.
11. Батериите што содржат литиум-јон се подложни на барањата на легислативата за опасни материи. За
комерцијален превоз, на пример, од други лица, шпедитери, мора да се почитуваат посебни барања за
пакување и означување. За подготовка на предметот што се испорачува потребно е да се консултира
експерт за опасни материи. Исто така придржувајте се и до веројатно подеталните национални прописи.
Залепете ги или покријте ги отворените полови на батеријата и спакувајте ја батеријата на таков начин што
да не може да се движи низ пакувањето.
12. Следете ги вашите локални прописи во врска со фрлањето на батеријата во отпад.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални батерии на Makita.
Користењето неоригинални батерии на Makita или батерии кои се изменети може да доведе батериите да
експлодираат предизвикувајќи пожар, лична повреда и штета. Тоа исто така ќе ја поништи гаранцијата на
Makita за алатот и полначот на Makita.
Совети за одржување максимално времетраење на батеријата:
1. Сменете ја батеријата пред целосно да се испразни. Секогаш престанувајте со работа со алатот и сменете
ја батеријата кога ќе забележите помала сила на алатот.
2. Никогаш не полнете целосно наполнета батерија.
Прекумерното полнење го скратува работниот век на батеријата.
3. Менувајте ја батеријата на собна температура од 10°C–40°C. Дозволете жешката батерија да се излади
пред да ја полните.
4. Наполнете ја батеријата ако не ја користите долго време (повеќе од шест месеци).
144

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Cf100d