Télécharger Imprimer la page

Makita CF100DZ Manuel D'instructions page 141

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
Македонски
Овој уред може да се користи од деца кои имаат 8 години или
повеќе и од лица кои се со намалени психички, сензорни или
умствени способности или со недоволно искуство и знаење ако
се под надзор или добиваат упатства во врска со користењето
на овој уред на безбеден начин и ги разбираат вклучените
опасности. Деца не треба да играат со уредот. Чистењето и
корисничкото одржување не треба да се вршат од деца без
надзор.
За да спречите сериозна повреда, прочитајте ги и разберете ги сите предупредувања и упатства пред
употребата.
Ова упатство ќе ви биде потребно за безбедносни предупредувања и мерки на претпазливост,
склопување, работење, проверка, постапки на одржување и чистење, список на делови. Чувајте го ова
упатство на безбедно и суво место за идна употреба.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И БЕЗБЕДНОСНИ ПРОПИСИ
ВАЖНО
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Секогаш кога користите електричен уред, треба да се следат основните мерки на претпазливост, вклучувајќи
ги следниве:
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА ПРЕД ДА ГО КОРИСТИТЕ ОВОЈ УРЕД.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ- За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреда:
1. Не изложувајте го на дожд. Чувајте го внатре.
2. Не дозволувајте да се користи како играчка. Потребно е непосредно внимание кога се користи од или во
близина на деца.
3. Користете го само како што е опишано во ова упатство. Користете ги само препорачаните додатоци на
производителот.
4. Не користете го со оштетена батерија. Ако уредот не работи правилно откако паднал, е оштетен, стоел
надвор или паднал во вода, вратете го во сервисен центар.
5. Не ракувајте со уредот со влажни раце.
6. Не ставајте никаков предмет во отворите.
7. Внимавајте косата, широката облека, прстите и сите делови од телото да ви бидат настрана од отворите и
деловите што се движат.
8. Исклучете ги сите контроли пред вадењето на батеријата.
9. Користете само адаптер за електрично напојување или полнач доставени од производителот. Додатоците
што се соодветни за еден безжичен вентилатор може да претставуваат опасност кога се користат со други.
10. Не менувајте ја батеријата надвор.
11. Не изложувајте ја на оган или високи температури.
12. Не користете ја во близина на отворен оган, зажарен јаглен или експлозивни атмосфери, како во
присуство на запаливи течности, гасови или прав. Безжичните вентилатори создаваат искри што може да
ја запалат правта или испарувањата.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
Овој уред е наменет за домашна употреба.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРОПИСИ
1. Внимателно прочитајте го ова упатство за работа и упатството за работа со полначот пред употребата.
2. Веднаш запрете со работа ако забележите нешто невообичаено.
ЗАЧУВАЈТЕ ГО ОВА УПАТСТВО
141

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

Cf100d